13 Август, 2020
0.0430

ВМРО-ДПМНЕ: Не ни очекувавме на Русковска и Кацарска да им се допаднат нашите спотови

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020

Откако обвинителката Вилма Рускоска и судијката Добрила Кацарска денеска реагираа во врска со спорните спотови на ВМРО-ДПМНЕ во кои тие се „појавуваат“, се огласија и од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека не очекуваат на Рускоска и Кацарска да им се допаднат нивните спотови кои ја отсликуваат вистината, исто како што на Македонија не и се допаѓа тоа што во државата се амнестира криминалот.

„Вилма Рускоска молчи за изјавата дека се дадени 300 илјади евра на Рашкоски и Заев, за 6-те милиони евра изнуда на братот на судијката Димишкова, за туцето пари на Ден Дончев, за тоа како луѓе од власта нарачуваат палење на автомобили и други случаи. Нема потреба од нови амнестии за Заев, обвинителството го прави тоа за него“, обвинуваат од таму.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека очигледно Рускоска и Кацарска освен што не реагираат за криминалот во државата, стануваат и адвокати на Заев.

Сигурни сме дека јавноста има уште една шанса на дело да ја види нивната  улога, овојпат како цензор на СДСМ против кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно спотот со приказната за Зоки, Рада, Вицето и ликот Вилма која дава можност политичарите да одберат обвинение за своите противници дополнително ја допрело обвинителката Вилма Рускоска која во името „Вилма“ се препознала себеси како извршител на нарачките од Заев“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Порачуваат дека во спотот сите совпаѓања се случајни, освен оние кои не се.

„А, за второто видео за кое реагира Вилма Рускоска и Кацарска ја отсликува жалната реалност дека Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Зоран Заев и Луј Витон правниот систем во Република Македонија. Истиот тој систем овозможува неказнивост на криминалот, а тоа  ќе се реформира по 15 јули“, посочуваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ