17 Декември, 2025
0.0645

ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување на даноците, имаат друг предлог

Објавено во: Економија 08 Август, 2022 18:23

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ Александар Николоски вели дека иако се подотвора вратата за зголемување на даноците, ВМРО-ДПМНЕ е против. 

Вели дека партијата е за ниски даноци и не само што е против зголемување, туку треба да има кратење на постојните даноци. 

„За да се развива бизнисот, треба да му се остави слобода, рамен ДДВ и да има ниско оданочување за средствата да се употребат за развој“, кажа Николоски.

Но, власта има поинакви планови за 2023 година. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешниот брифинг ги презентираше даночните реформи преку кои треба да се соберат 54 милиони евра. 

Ќе се воведе данок за реинвестирана добивка кај компаниите која досега не се оданочуваше. Нема повеќе да има поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд. 

Ќе се намали основата за даночни олеснувања за вложување во спортот. Ќе се укинат и преференциите кај премиите за животно осигурување. 

Ќе се оданочува и капиталната добивка од продажба на акции како и каматите од орочените депозити во банките. Ќе се оданочуваат и менаџерските немонетарни бенефити.

За социјалните придонеси ќе се укине највисоката месечна пресметка. Ќе се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување за договори за дело.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас