18 Декември, 2025
0.0446

ВМРО-ДПМНЕ: Дане Талевски не може да добие безбедносен сертификат за да биде амбасадор во НАТО?

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2020 17:04

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ преку гласноговорникот Стефан Андоновски регира на тоа дека Дане Талевски избегнал да ги брани своите тези пред да биде упатен во Брисел како амбасадор на НАТО.

„Прашуваме, зошто се случува ова откажување, кога СДСМ вели дека треба да се забрза пополнувањето на амбасадорското место во НАТО непосредно пред очекуваниот ден за прием на Македонија во Алијансата? Дали е тоа затоа што Талески нема добиено безбедносен сертификат, односно владата и МНР премногу доцна ја почнале процедурата за негово испраќање во седиштето на НАТО? Дали при проверките може да се утврди дека Талески имал блиски контакти со претставници на други служби, па постои можност за уште поголем срам, односно тој да не добие „зелено светло” од државите членки?“, прашува реторички Андоновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ претпоставуваат дека можеби се работи за внатрепартиско-владин судир помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски.

„Или пак се работи за прекршувањата на процедурите од неспособност за што алармираат македонските дипломатските синдикати? Го прашуваме министерот Димитров дали запирањето на постапките се случува затоа што го исплаши тоа што медиумите открија дека и други именувања на амбасадори се прават со прекршување на законски уредените процедури, во врска со двојни државјанства и други недостатоци, за кои тој треба да одговара затоа што ставил потпис?“, додава Андоновски.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми