ВЛАСТА НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ: Ќе биде ли Македонија поатрактивна за нови странски инвестиции?
Објавено во: Економија 24 Мај, 2025 20:31
Oд власта најавуваат инвестициски бум.
ВМРО-ДПМНЕ информира дека со Договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство, на располагање на Македонија ќе стои најголема досега економска рамка во вредност од 6 милијарди евра. Од партијата посочуваат дека договорот овозможува реализација на стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои како еден од клучните го истакнуваат проектот за изградба на брза железница на Коридорот 10.
„Со договорот ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10. Еден од проектите за имплементација е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, се наведува во соопштението на партијата.
Велат дека ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари. Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и како што велат ќе има можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции. Земјава ќе има на располагање 6 милијарди евра, пари од Британија.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




