14 Декември, 2025
0.0625

Владин службеник правел селфи, телефонот му паднал во вода по што ја испразнил цела брана

Објавено во: Свет 27 Мај, 2023 11:30

Добивај вести на Viber

Владин службеник во Индија испразнил брана за да го најде телефонот што му паднал додека правел селфи.

Потребни биле три дена за испумпување на милиони литри вода од браната. Кога бил пронајден, телефонот не работел затоа што се наполнил со вода. Инспекторот за храна Раџеш Вишвас тврдел дека  во телефонот има чувствителни владини податоци и затоа требало да се најде. Владиниот службеник е суспенцдиран и обвинет за злоупотреба на службена должност.

Вишвас изјавил дека телефонот од марката „самсунг“, вреден околу 1.200 долари, му паднал во браната Керката, во централната индиска држава Чатисгар, во неделата.

Пумпата за испумпување вода работела неколку дена, празнејќи околу два милиона литри вода. Наводно тоа е доволно за наводнување на 6 квадратни километри (600 хектари) обработливо земјиште. Работата е прекината кога по добиена жалба пристигнал друг службеник од секторот за водни ресурси. Тој истакнал дека водата е суштински ресурс и не може да се троши на овој начин, па службеникот е суспендиран до истрагата. Вишвас негира дека ја злоупотребил својата позиција. Тој објасни дека водата што ја исцедил е од преливниот дел на браната и не е во употреблива состојба.

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала