Владимир Путин се пофали дека полека го ослободуваат Донбас
Објавено во: Свет 15 Август, 2022 17:40
Чекор по чекор руската армија го ослободува Донбас, вели шефот на руската држава, Владимир Путин, пренесува РИА.
Според него, украинската армија губи. Руските воздухопловни сили нападнале борбени позиции на 53-та механизирана и 68-та пешадиско-пушкачка бригада на вооружените сили на Украина во близина на градовите Угледар, Добропоље и селото Воџаноје во Доњецката Народна Република. Шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин изјави дека руската специјална операција во Украина претставува крај на осумгодишната војна за Донбас.
„Операцијата за ослободување ни го означува крајот на војната“, рече Пушилин.
Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Првично планираа заземање на Киев, а потоа се откажаа и се фокусираа само на Донбас. Путин тврдеше дека Украина убива Руси во Донбас, и рече дека тие не се кучиња скитници и дека мора да ги заштити.
foto EPA/MAXIM SHIPENKOV
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




