14 Декември, 2025
0.1963

Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски станаа владини советници на Мицкоски

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Владата ги ангажирала поранешните функционери од ерата на владеењето на Никола Груевски - Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски како надворешни соработници на премиерот Христијан Мицкоски.

За поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешниот претседател на Собранието може да се види дека добиваат исплати под шифрата „консултантски услуги“ на платформата „Отворени финансии“. Пешевски веќе редовно добива месечни исплати од 60.000 денари, додека Вељаноски од овој месец има една исплата од 38.710 денари што не може да се заклучи дали е целосна.

Во службата за односи со јавност на Владата прашавме кое подрачје ќе го покриваат Пешевски и Вељаноски како советници на премиерот, но од таму „Фактор“ не доби одговор во изминатите денови.

Пешевски беше виден на отворањето на патот Страцин - Крива Паланка на почетокот на месецов, заедно со другите членови на Владата и останатите државни функционери. За Вељаноски јавноста подолго време нема ништо прочитано, но и тој исто како Пешевски е поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, за кого велат дека често наминува во партиското седиште.

За Вељаноски можеше единствено да се прочита нешто откако беше обвинет за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, додека пак за Пешевски се пишуваше за случајот „Траекторија“ за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Инаку веќе е познато, иако Владата ова не го потврдува јавно, дека надворешни соработници на Мицкоски му се професорите Александар Спасеновски, Лазар Јовевски, Игор Николов и дипломатот Сашо Марковски.

На веб-страницата на Владата има посебен прилог за овој тип на советници, но нема линк на кој може да се видат имињата. Последен пат таму беа објавени имињата на 15-те поранешни надворешни соработници на претходниот премиер Димитар Ковачевски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји