ВЛАДАТА ЗАДОВОЛНО ГИ ТРИЕ РАЦЕТЕ - на име дивиденда од Македонски Телеком ќе инкасира 13 и пол милиони евра
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2025 13:32
Покрај одлуките за промени во Бордот на директори, акционерското Собрание на Телеком донело и одлука за распределба на ланската добивка.
Имено, добивката во минатата година на износ од 38,4 милиони евра, најголемиот комуникациски оператор во земјава, ќе ја распредели за исплата на бруто дивиденда, во која, како што се нагласува во изгласаната одлука, се вклучени сите даноци кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата, согласно важечката даночна регулатива во земјава на датумот на исплатата.
Како што е познато, Владата поседува 33.364.875 обични акции во Македонски Телеком, што претставува 34,81 отсто од вкупниот акционерски капитал. Овој пакет вклучува и една преференцијална (златна) акција со номинална вредност од 9.733 денари, која ѝ дава на Владата едно гласачко право и посебни права согласно Статутот на компанијата.
Тоа значи дека Владата ќе земе на име на бруто дивиденда од Телеком сума од 13,5 милиони евра.
Главниот акционер во Македонски Телеком е Stonebridge Communications AD Скопје, кој поседува 51 отсто од акциите, пак, како бруто дивиденда ќе добие 19,6 милиони евра.
Останатите акции се распределени помеѓу Македонски Телеком АД, кои ги поседува компанијата во форма на сопствени акции и тоа 10 отсто, Сава пензиски фондови со 0,97 отсто, IFC со 0,76 отсто и други малцински акционери со 2,46 отсто.
Златната акција што ја поседува Владата е непренослива и ѝ овозможува посебни права, како што се правото на вето во одредени стратешки одлуки на компанијата, што ја задржува нејзината улога во корпоративното управување на Македонски Телеком.
Телеком е една од најуспешните македонски компании.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




