Владата во кризни времиња ги исплати скапите софтверски лиценци нарачани од Рашковски
Објавено во: Економија 12 Октомври, 2022 07:30
Владата ја исплати последната голема транша од договорот за софтверски лиценци кој поранешниот генерален секретар Драги Рашковски го склучи со ИТ-конзорциумот Аитоникс/Крејон за околу милијарда денари, или околу 15 милиони евра, непосредно пред да ја напушти функцијата.
Минатата недела на Крејон Македонија, подружница на норвешка ИТ-компанија, му се исплатени 5 милиони евра, односно попрецизно 308.671.300 денари, објавено е на „Отворени Финансии“. Лани ова време му биле префрлени 284.792.300 денари, а во ноември 2020 првата поголема сума била 259.286.327 денари. Во меѓувреме се исплаќани повеќе помали суми, што вкупната се заокружува на околу милијарда денари. Софтверските лиценци се исплатени во текот на ковид, енергетската и воено-глобалната криза кои сериозно ја погодија македонската економија.
Рашковски склучи тригодишен договор, а според претходни медиумски објави, тендерот го добил конзорциумот со само 200 евра пониска понуда од конкурентите. За да обезбеди Мајкрософт или еквивалентни софтверски лиценци и сервиси за државните и образовните институции, „Аитоникс“ склучил 56 договори за јавна набавка во вредност од 1.062 милијарди денари. Овој тригодишен договор бил склучен во повторена постапка откако целосно отпаднаа условите за техничка и професионална способност од првата поништена постапка.
Рекордната понуда на Аитоникс АД во јули 2020 на електронска аукција беше избрана за најдобра, а во август беше склучен договорот во вредност од 899.985.272 без ДДВ во заеднички конзорциум со Крејон Македонија, компанија која беше спорна за опозицијата како новорегистрирана во земјата.
Според рамката, операторот Крејон Македонија ќе набавува софтверски лиценци за Владата, вклучувајќи и други државни органи, јавната администрација и едукативните институции по склучениот тригодишен договор со Генералниот секретаријат.
Ова беше убедливо „најтешката“ софтверска зделка која некогаш паднала на еден тендер. Владата кај производителот има право на нови софтверски верзии штом бидат објавени, помош при превземањето на истите и при разрешувањето на евентуални проблеми, како и помош со предавања за корисниците и имплементирањето, а и обука за ИТ-персоналот преку ваучери. Станува збор за софтверски лиценци кои треба да опфатат десетици илјади корисници.
Опозицијата тогаш ја предупредуваше власта да не прави трошоци во вид на вакви набавки преку Генералниот Секретаријат за време на криза. Претходно Генералниот Секретаријат спровел постапка за истата јавна набавка која била објавена на 14.02.2020 година, а поништена подоцна по инструкции од Бирото за јавни набавки по Управен надзор. Опозицијата реагираше дека тендерот повторно е добиен на 12 дена пред спроведувањето на предвремените парламентарни избори без поднесена нова намалена цена, односно практично без е-аукција.
Александар КузмановскиМожеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




