26 Април, 2024
0.0279

ВЛАДАТА УШТЕ НЕ МУ НАШЛА НАСЛЕДНИК - Пауновски го чека решението за разрешување и ќе се пријави за старото работно место во тетовската УЈП

Објавено во: Економија 11 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Владата уште не му нашла наследник на неодамна разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој неодамна беше сменет од челната позиција, по три години успешно директорување со инспекторатот, и тоа поради пркос кон државниот врв, или, како што наведоа тогаш во владиното соопштение, поради непрофесионално однесување, согласно Кодексот за етичко однесување на владините членови.

Од Владата вчера за Фактор само кусо изјавија дека нема ништо ново на планот на именување на нов директор на ДПИ.

„Во врска со именувањето на нов директор на Државниот пазарен инспекторат, нема ништо ново. Кога ќе има, Владата ќе ја информира јавноста“, беше кусиот одговор кој вчера го добивме од Владата во врска со ова прашање.

Инаку, како што дознава Фактор, Стојко Пауновски, директорот кој ќе остане запаметен по тоа што покажа интегритет и не сакаше да прими „рамковно вработени“ без соодветни квалификации, откако на 26 април беше најавено дека ќе биде разрешен од функцијата прв човек на ДПИ, веќе не оди на работа во инспекторатот.

Единствено, еден ден само кусо отишол за да си земе некои свои лични работи што ги имал во инспекторатот.

Пауновски, како што и самиот потврди за Фактор, го чека официјалното решение за разрешувањето, за да може да се пријави на старото работно место, а тоа е Регионалната дирекција на УЈП во Тетово, од каде што всушност дојде на челното место во Државниот пазарен инспекторат во 2018 година.

„Чекам решение за разрешување, за да можам да се пријавам на старото работно место во УЈП Регионална дирекција Тетово“, потврди кусо за Фактор Пауновски.  

Инаку, меѓу другото, Пауновски, како што стои во неговата официјална биографија, во периодот од 2002 до 2004 година бил заменик директор на генералниот директор на УЈП. Од 2004 до 2011 година бил виш инспектор во УЈП – РД Тетово. Во периодот од 2011 до 2017 година бил пратеник во Собрание на РМ. Бил и советник во УЈП од 2017 до 2018 година. Директор на Државен пазарен инспекторат е од 10.01.2018 година. 

А како што е познато, вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, веднаш по разрешувањето на Пауновски, изјави дека во следните денови ќе се назначи в.д. директор на ДПИ, со цел негово непречено функционирање и дејствување. И тогаш, според него, се уште немаше одлука кој ќе дојде на местото на Пауновски.

„Во наредните денови ќе видиме, кога ќе има седница на Влада, ќе биде предложен нов в.д. директор и кога ќе биде именуван веднаш ќе ја информираме јавноста, објасни Николовски“, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Редовна владина седница треба да има токму утре, но од Владата одбиваат да одговорат дали новиот в.д. директор ќе се именува во текот на утрешниот ден.

Инаку, по разрешувањето, Пауновски се огласи преку својот фејсбук профил, изразувајќи огромна благодарност до сите граѓани кои, како што рече, во неговата „пркос“ ги согледале неговите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.

„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот“, напиш тогаш Пауновски.

Претходно, инспектори од ДПИ имаа средба со премиерот Зоран Заев и потпишаа петиција, со која бараа тој да не го разрешува Пауновски. Тие на премиерот му ги изнеле и своите аргументи зошто не треба да замине Пауновски, меѓу кои неговата професионална и квалитетна работа, и што го унапредил работењето на инспекторатот.

„Но, од 10 дена, вие седум дена да се инаетите, а да не дојдете во Владата да разговарате, е недозволиво“, рече тогаш Заев, објаснувајќи и дека „ова прашање е и принципиелно, бидејќи, што ќе биде ако другите 179 директори не ги почитуваат владините одлуки“.

„Не е лесно да се распределат 1.300 луѓе. Има трајно средства за 24 нови вработувања во ДПИ, а некој од тие вработени со тек на време може и ќе ја напушти работата, а парите остануваат во ДПИ“, рече Заев.

А, во дел од медиумите веќе излегоа информации дека има и директорка на друга институција, односно Агенцијата за просторно планирање, која, наводно, не прифатила двајца администратори распоредени од Министерството за политиочки систем, поради несоодветна образовна квалификација.

Фактор ја праша Владата дали овие информации се точни, но и дали има и други вакви директори кои одбиваат да ги прифатат вработените распоредени од К5 програмата.

Но, со оглед дека прашањата биле доцна поставени, одговори до вчера не добивме, а тие се најавуваат за денешниот ден. Штом ќе ги добиеме одговрите од Владата, Фактор ќе ги објави во целост.

Вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски неодамна со заедничко соопштение се обидоа да ја објаснат ситуацијата со распоредувањето на овие вработени. Во соопштението најавија и дека од почетокот на следниот месец, ќе започне распоредувањето на друга група по утврдениот план. 

Имено треба да се распоредат 18 луѓе во Агенцијата за вработување, три во Инспекторат за јазици и шест во Централен регистар. Исто така, 143 биле во процедура да почнат со реален работен ангажман во МВР, а 101 во УЈП. 

„Од вкупната бројка на лица што се распоредуваат, 1.182 прифатиле распределување, 38 одбиле и се на трансфер листа, 13 самите дале отказ, а останатите ги исполниле условите за старосна пензија. Според овие податоци, успешноста на планот е речиси 90 проценти. Административните службеници кои се распоредуваат не се замена за редовните побарувања за кадри кои ги имаат институциите, како на пример, побарувањата што ги имаат инспекторатите“, стоеше во соопштението.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија