ВЛАДАТА СО ПОРАКА ДО КОЧАНИ: Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите млади лица не се сами
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2025 08:37
Владата упати порака до семејствата на починатите и до повредените во страшната несреќа која се случи во дискотеката Пулс во Кочани.
Велат дека работат на расветлување на случајот, но и дека обезбедуваат соодветна здравствена заштита и медицинска помош за сите повредени и нивните семејства.
„ Како Влада истакнавме дека наша обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата, е и да обезбедиме соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства.
До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за членовите на семејствата на повредените пациенти.
Но, нашата грижа не завршува тука, бидејќи Кочани е наш приоритет и никој не смее да биде заборавен.
Дополнително отворивме телефонска линија која е во директна комуникација со претседателот на Владата. Повредените и нивните семејства можат да се јават на телефонскиот број 070/355-526 за да ги искажат своите барања, конкретни предлози и потреби кои ги имаат.
Понатаму, на владина седница ќе донесеме одлука со која одморалиштето Пониква кое располага со 27 соби и 56 легла се пренамени во центар за рехабилитација, во кој медицински кадар ќе може да работи како на психофизичката состојба така и на пружањето на медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани.
Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите млади лица не се сами.
Како Влада ќе направиме се што е во наша надлежност да помогнеме и да се обидеме да ја намалиме болката.
Носиме конкретни мерки кои се од интерес на граѓаните.
Државата мора и се менува“, велат од Владата.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




