17 Декември, 2025
0.0799

Владата со нов директор чека нова можност за продажба на АД Славија

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2022 07:00

Добивај вести на Viber

На крајот на месецов во АД Славија извршена е промена на генералниот директор на некогашниот трговски гигант и на местото на Блаже Зафировски назначен е Расим Али, за кого единствено што е познато е дека е дипломиран социолог од Сингелиќ, Гази Баба.

Останува да се види дали со промена на претседателот на Управниот одбор од страна на Владата се подготвува полесен терен за продажба. Последен обид тоа да се започне со почетна цена од 200.000 евра не успеа на крајот од минатата година. Тогаш жалба поднесе поранешниот директор и поранешен сопственик на акциите на АД Славија, Кирил Кочевски, а судот по службена должност ја сопре продажбата.

Една недела пред да биде назначен новиот директор, променет е комплетно надзорниот одбор на АД Славија и за членови се поставени Душко Петров како негов претседател, како и Зејнула Елези, Иво Гаќина, Лидија Ацовска и Шпенд Таири. Ова претходно го побарала Владата од продавачот - во случајот Агенцијата за управување со одземен имот.

„Владата заклучи да и препорача на Агенцијата за управување со одземен имот да му предложи на Собранието на АД за промет на големо и мало со прехранбени и непрехранбени стоки, надворешно трговски промет, производство и услуги во прометот Славија извоз-увоз Скопје, од должноста членови на Надзорниот одбор на АД „ Славија “ да ги разреши Тања Митев, Енвер Бељуров, Надица Василева- Мешкова, Донка Гаџовска и Александар Манасиевски, а за членови да ги именува Душко Петров, Шпенд Тахири, Иво Гаќина, Лидија Ацовска и Зејнула Елези“, донесена е претходна одлука на владина седница во март.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата сака да му ја продаде Славија на бизнисмен близок до семејството Заеви за 100 пати поевтина цена од реалната, додека власта во своја одбрана реагираше дека ВМРО-ДПМНЕ од 2012 до 2017 година го распродало имотот на Славија тајно и на парче, и дека вредноста од 218.000 евра е номинална. Тој што ќе ја купи фирмата ќе ги преземе и нејзините милионски долгови.

Пред 10 години Славија се нудеше на продажба за над 7 милиони евра, а по претходни проценки вредноста изнесувала претходно до 20 милиони евра. Претпријатието има управната зграда до Универзитетот ФОН, како и магацини и земјиште во Кисела Вода.

Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека ситуацијата во моментов е статус кво и дека продажба не може да има додека не се разреши ситуацијата по судски пат.

- Претходната судска одлука беше во наша корист, но во меѓувреме Апелација го врати предметот на повторно судење. Станува збор за повторена првостепена постапка, а понатаму за очекување е да има и други правни лекови, со тоа што не може да се знае кога процесот ќе заврши, ни одговорија од таму.

Од последниот финансиски извештај на АД Славија за 2021 објавен на Македонска берза може да се види дека друштвопто има 30 врабоптени, обврски од неколку милиони евра, додека годишниот приход од издавањето на имотот кој го поседува изнесува речиси милион евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години