05 Декември, 2025
0.1547

Владата следната година ќе треба да најде 83 милиони евра за резервно гориво

Објавено во: Економија 11 Мај, 2021 07:50

Добивај вести на Viber

Државата следната година ќе купува резервно гориво за 73,35 милиони евра, според Акциски план за формирање на нафтени резерви кој е наметнат од ЕУ, а кој го објави Владата со кој ќе треба да се исполнат капацитетите за негово чување. Чувањето на купената количина ќе предизвика дополнителни трошоци, со што во 2022 ќе треба да се најдат 83 милиони евра.

До тогаш ќе треба да се купат 71,4 килотони дизел за 50,3 милиони евра, 27,1 килотони моторен бензин за 21,411 милиони евра и околу 7 милиони евра за останатите горива. На крајот на 2022 државата треба да има 251,2 килотони резерви, а зафатнината на чување да биде речиси двојно поголемо. За чувањето на складиштарите ќе им се плаќа 9,045 милиони евра. Половина милион евра ќе бидат дадени и за Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за администрирање на процесот. 

Тоа значи дека вкупната сума што ќе биде потребна, а е запишана во проекцијата на планот, е нешто помалку од 83 милиони евра. Парите ќе се обезбедуваат од надоместокот за задолжителни резерви на сурова нафта и нафтени деривати; од меѓународна соработка на програми и проекти, од кредити и, како што се вели во планот, од други извори.

Ќе биде вистински предизвик за Владата да ги најде овие пари, ако се знае дека според она што го пишува за надоместокот за задолжителни резерви, кој се одвојува од купените горива во комерцијална продажба, се планирани само 8,8 милиони евра. 

„Суровата нафта и нафтените деривати од задолжителните резерви треба во секое време по квалитет да одговараат на важечките национални прописи за квалитетот на течните горива и да не содржат недозволени примеси и/или нечистотии кои можат битно да влијаат врз квалитетот и на фактичките количини на нафтените резерви, со цел нафтените резерви секогаш да бидат достапни за интервенција на пазарот. 

Обновувањето на нафтените деривати тековно ќе го вршат трговските друштва од нафтениот сектор во земјата, кои се складиштари на задолжителни резерви, врз основа на склучени договори за складирање, чување и обновување на нафта и нафтени деривати од задолжителните резерви со МАКОРА“, најавува Владата.

Во акцискиот план се препорачува и одржување на постојните и изградбата на нови складишни капацитети и инфраструктура за нафтени деривати на територијата на земјата гледано долгорочно, со што трајно би се решило проблемот со складирање на севкупните нафтени резерви.

До крајот на следната година државата треба да има свои 50 килотони моторен бензин, 158,3 килотони дизел, 32,7 килотони мазут и 10 килотони екстралесно масло. 

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?