18 Декември, 2025
0.1259

ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ДОМАШНА БАНКА СО КРАТКОРОЧЕН КРЕДИТ - под кои услови ќе ѝ се враќаат 70 милиони евра на Шпаркасе банка

Објавено во: Финансии 02 Април, 2025 12:02

Добивај вести на Viber

Покрај задолжувањето со унгарскиот кредит, како и задолжувањата кои се прават на домашниот пазар преку издавање на обврзници, Владата ќе се задолжува и кај една од домашните банки, или конкретно кај Шпаркасе банка, една од петте најголеми банки во земјава, која е во странска сопственост. 

Она што само се знае е дека ќе се земе заем на сума од 70 милиони евра, но засега не може да се дојде до информации која е висината на каматната стапка, дали има грејс период и колку изнесува, колкава е рочноста на враќање и кои се сите други услови.

Во „Службен весник“ на земјава може да се види Одлуката која ја донела Владата „за задолжување кај Шпаркасе банка по Договор за краткорочен кредит за финансирање на буџетски потреби на Република Северна Македонија“. 

Оваа владина одлука е објавена во Службен весник на 17 март годинава, а законската основа за ова задолжување, како што стои во Одлуката, е Законот за јавен долг на земјава.

Република Северна Македонија се задолжува со краткорочен кредит во вкупен износ од 70.000.000,00 (седумдесет милиони) евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето, кај Шпаркасе банка АД Скопје. Краткорочниот кредит ќе се користи за финансирање на буџетските потреби на Република Северна Македонија“, се вели во објавата во Службен весник за ова задолжување.

Како што е познато, власта претходно се задолжи кај Унгарија на сума од една милијарди евра, од кои половина одат за враќање на еврообврзницата, а од преостанатата половина 250 милиони е вра одат кај фирмите, а 250 милиони кај општините во земјава.

Неодамна почна одобрувањето на првите заеми на компаниите од унгарскиот кредит преку Развојната банка.

Власта се задолжува и на домашниот пазар преку издавање на државни обврзници, со кои ја обезбедува тековната ликвидност, а најголем дел од овие пари се наменуваат за отплата на стари долгови, односно исто такви државни обврзници кои биле издадени пред извесен период, а кои сега стигнуваат за наплата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра