06 Декември, 2025
0.1022

Владата разгледува мерки за помош за скапиот зејтин, но не може да се одлучи

Објавено во: Економија 29 Април, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Во моменти кога малопродажната цена на шише зејтин урива рекорди, Владата се уште размислува дали да интервенира со помош на домашните производители на сончогледово масло за јадење, иако ваква точка се нашла на разгледување на седницата во вторникот.

Владата разгледувала предлог за финансиска поддршка на домашно производство на масло за јадење од сончоглед за домашен пазар, но засега од таму велат дека станува збор за разгледана информација без донесена одлука. Кога ќе има конкретни заклучоци и одлуки, велат дека ќе ја известат јавноста.

Овој и претходниот месец регистрирано е рапидно зголемување на цените на основните производи, на маслото за јадење, лебот и на дел од лековите. Последен пат од Владата како интервенција за помош на домашните производители беше одлуката за укинување на увозните давачки при увозот на рафинирано масло од сончоглед за квота во количина од 12 000 тони во 2008.

Претставници на владата единствено уверуваат дека ситуацијата се разгледува на терен, но дека тековите најмногу се должат на порастот на цените на светската берза. Во врска со покачувањето на цената на маслото за јадење, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека во извесна мера е оправдано поради светско движење на цените.

„Сега единствениот механизам ни е преку пазарната инспекција да утврдиме дали има неправилности и дали има навистина зголемување на цените на вештачки начин. И веќе ние ги следиме секојдневно, не само од јавувањето на граѓаните. Ние и самите го следиме движењето на цените. Веќе има таква интервенција на неколку субјекти. Наскоро ќе излеземе со податок што точно ќе направиме и секако сите тие што се обиделе да профитираат или во овој момент кога на сите нас ни е тешко да изнесат максимална добивка од состојбата се што е законски ќе се преземе“, рече Битиќи.

Во Македонија скокнаа трошоците за живот. Во март оваа година во споредба со истиот месец во 2020, трошоците на живот се зголемени за 2,1 отсто, а цените на мало за 2,6 проценти. Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан најмногу кај маслото и маснотиите за 3.5 oтсто. 

Светските цени на храната паднаа на почетокот на пандемијата на вирусот корона, но беа проследени со нагло зголемување, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство. Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, цената на храната во февруари е највисока во последните шест години и 16 проценти повисока од просекот за 2014-16 година.

Од јуни минатата година, цените растат постојано, достигнувајќи раст од 22,9 проценти во февруари. Во споменатиот период цената на маслото за јадење се зголеми за цели 60,8 проценти, а на житарките за 29 насто.

Најголеми домашни производители на зејтин во Македонија се велешки „Кристал“, штипскиот погон „Брилијант“ на „Витаминка“ и струмичката компанија „Ал-Макс“ која произведува зејтин под брендот „Бисер“.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?