20 Декември, 2025
0.4125

Владата прво ги наполни со пари јавните претпријатија, па објави антикризни мерки

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2022 07:49

Добивај вести на Viber

На 30 септември му се исплатени 5,5 милиони евра на ЈП „Национални шуми“ како државна помош за справување со кризата, што претставува финансиски рекорд што една влада го има трансферирано кон едно јавно претпријатие досега. На истиот ден му се префрлени и 100.000.000 денари државна помош на АД Водостопанство. Вкупната сума за двете претпријатија, кои по правило треба да се самофинансираат од своите услуги, изнесува 432 милиони денари. Помошта не беше најавена од владата, а реализацијата може да се види само на „Отворени финансии“.

Парите се префрлени десет дена пред Владата да објави сет на антикризни мерки како помош, главно за ранливите категории на граѓани. Истиот ден беше објавен и предлог план за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, со кој што, меѓудругото, им се препорача на јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост намалување на расходите и зголемување на приходите.

Двете јавни претпријатија веќе извесно време работат со финансиски тешкотии и имаат проблеми, особено откако пред две и пол години настапи ковид кризата. Проблемот е во тоа што власта не успева да го реорганизира нивното независно работење и се трошат буџетски средства кои се повеќе од потребни во енергетската криза.

Во текот на минатогодишното лето владата му исплати еднократна помош на „Национални шуми“ од 100 милиони денари преку одлука за преземање итни мерки. Тоа беше предвидено да биде еднократна неповратна финансиска подршка, а оправдувањето беше дека „се работи на измена на моделот на функционирање на  претпријатието за да не се таложат загуби во иднина, при што главни приоритети се меѓудругото оптимизација на процесите, рационализација на трошоците и унапредување на заштитата на шумите“. На крајот од минатата година следуваа уште 163 милиони денари помош од владата. Тоа значи дека во последните година дена му се исплатени 9,75 милиони евра на ова јавно претпријатие.

Освен тоа, на крајот на август Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, со кој цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не беа променети од 2009.

Работниците на АД „Водостопанство“ на почетокот на месецов добија три заостанати плати, најверојатно откако владата интервенираше со 100 милиони денари. Но ова не е прв пат да се спасува финансиски друштвото. На крајот од 2021 на сметка веќе еднаш ја доби истата сума од 100 милиони денари, а на крајот од 2020 му беа префрлени 600.000 евра, односно 36 милиони денари.

Финансиската криза што удри по акционерското друштво за наводнување во државна сопственост  ја принуди Владата на седница на крајот од минатиот месец да побара разрешување на директорот Локман Љимани.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?