Владата од 2022 размислува повторно да субвенционира нискобуџетни летови
Објавено во: Економија 21 Септември, 2021 07:28
Владата на последната редовна седница разгледувала можност за започнување на нова постапка за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за субвенционирање на билетите, што по автоматизам треба да повлече нивно поевтинување за патниците.
На почетокот на 2022 се отвора можност за четврто субвенционирање на летовите и линиите на нискобуџетните компании, затоа што до крајот на годината завршува тригодишната владината уредба за финансиска помош донесена во 2018.
Тековниот циклус на субвенции со „Визер“ заврши неславно, откако овој оператор во 2018 го доби тригодишниот договор по третиот јавен повик, иако беше единствениот што поднесе понуда. Договорот беше потпишан на почетокот од 2019 со важност од три години, односно до крајот на 2022.
Во меѓувреме субвенционирањето престана затоа што „Визер“ не можеше да го исполни својот дел од договорот поради околносите со пандемијта, по што мораше да се затворат потребните авиолинии. Претходно Владата донесе уредба со поддршка за авиокомпании и програма за определување средства за финансиска поддршка со важност од почетокот на 2019 до крајот на 2021.
Според претходните договори, „Визер“ добиваше по 5 милиони евра за три години. Унгарската авиокомпанија требаше да воведе по четири нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид. Од аеродромот Скопје требаше да се лета до Карлсруе/Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку, а од Охрид кон Малме, Милано, Меминген и Дортмунд. Ова субвенционирање требаше да поттикне евтини цени од 20-тина евра за летовите.
Двата македонски аеродроми - скопскиот и охридскиот 2020 година ја завршија со над 782.876 патници, што претставува пад од 70,9 проценти споредено со 2019 година. Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Визер има превезено најголем број од патниците со 65,9% од пазарен удел, а потоа следуваат Туркиш Ерлајнс (7,7%), Пегасус (6%), по што следуваат преостанатите. За охридскиот аеродром Визер има превезено најголем број од патниците со 88,56 отсто од пазарниот удел.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен





