14 Декември, 2025
0.0721

ВЛАДАТА НАБАВУВА ВАКЦИНА ЗА ДЕЦА ПРОТИВ КОВИД, КОМИТЕТОТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА МОЛЧИ: До кога ќе се информираме од Интернет и од пријателите во странство?

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021 08:02

Добивај вести на Viber

Во повеќе земји во светот имунизацијата на децата против ковид е во полн ек. Засега најмладите се вакцинираат само со вакцината произведена од компанијата Фајзер, освен во Кина, каде што се одвива вакцинацијата и на децата од 3 години нагоре со вакцините од нивните фармацевтски компании. Што се однесува до земјите воЕвропа, Европската агенција за лекови (ЕМА) уште во текот на ноември одобри употреба на помала доза на вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години, откако беше одобрена за возрасните пред повеќе од половина година, односно во мај.

Македонската Влада веќе објави дека веќе се нарачани вакцини од американско-германскиот производител и за најмладата популација и тоа првичната пратка од 10.000 дози, треба да пристигне заедно со уште 40.000 дози од оваа вакцина за возрасната популација. Сепак, во Македонија се уште нема јасна препорака за имунизација против ковид на деца од 5 до 12 години бидејќи, Комитетот за имунизација се уште се нема јавно произнесено во однос на ова прашање. По прес-конференцијата на владините портпароли, јавноста единствено знае дека единствен услов за вакцинирање на децата со оваа вакцина е да се согласат родителите кои задолжително треба да бидат со нив при вакцинирањето.

-Не ми е јасно како од Владата велат дека нарачуваат вакцини за децата, а оние кои треба да дадат препорака молчат. Каде е да се произнесе Комитетот за имунизација? Зошто ништо не кажуваат. Од нивна страна е крајно несериозно ваквото однесување. Препорака за ова треба да има од стручни лица, а нив никаде ги нема. Затоа и досегашниот опфат на вакцинацијата против ковид е се уште под 50 проценти во земјава. Луѓето се неинформирани целосно, се плашат. Ние дома возрасните сите сме вакцинирани, и јас и сопругот, нашите родители, но децата кои имаат 7 и 10 години не се, се разбира. До кога треба да читам од интернет и да разменувам искуства со пријателите кои живеат во странство за да бидеме информирани. Несериозноста на Комитетот за имунизација придонесува до ваква состојба. И овие 10.000 дози кои треба да стигнат, ќе бидат премногу. Не верувам дека некој кој има деца на таа возраст дека ќе ги однесе да ги вакцинира, вели Р. Н. Од Скопје.

Инаку, на прес-конференцијата, владиниот портпарол Душко Арсовски изјави дека во Македонија се следат препораките на Светската здравствена организација, која неодамна даде зелено светло и за имунизацијата против ковид токму за оваа популација.

-Комитетот за имунизација и натаму ќе ги следи сите препораки на СЗО и ќе се води според овие препораки како и досега. 10.000 дози од оваа педијатриска вакцина се иницијална количина, што не значи дека ако има интерес нема да се набават дополнителни дози. Вакцинацијата е важно да се укаже дека се одвива без закажан термин, единствен услов за вакцинација на малолетните лица е задолжително да дојдат со родител или старател. Важно е граѓаните да знаат дека и со оваа одлука вакцини за Ковид-19 ќе има доволно, нема приорeтизираање според возраста или хронични заболувања или критична инфраструктура“, рече портпаролот Арсовски.

Владата на последната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против Ковид-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

Согласно информацијата, дозите за возрасните треба да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“