24 Октомври, 2024
0.0261

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Државата, односно Владата, му префрла 3,3 милиони евра на новоформираното претпријатие НОМАГАС, со цел тоа да има пари да ја плати експропријацијата, но и сите трошоци околу оваа постапка, за земјиштето за Интерконекторот за гас што ќе се гради меѓу Македонија и Грција.

Ове пари се одобруваат во форма на емисија на акции кои ги издава НОМАГАС, а како купувач на хартиите од вредност се јавува Владата, со што всушност се зајакнува вредноста на ова акционерско друштво во сопственост на државата.

НОМАГАС за оваа емисија на акции вредна 3,3 милиони евра ја извести Берзата преку објава, и во неа се точно наведени деталите на емисијата, за која се вели дека е втора емисија на хартии од вредност, од причина што како прва емисија се сметало спојувањето меѓу АД НЕР и ГА-МА, откако државата го откупи уделот од „Макпетрол“ во тоа претпријатие. Спојувањето и официјално се случи на крајот на минатата година.  

„Ве известуваме дека АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, во изминатиов период резлизираше втора емисија на хартии од вредност, по пат на приватна понуда. Таа е спроведена врз основа на одлука за зголемување на основната главнина со влогови преку издавање на нови акции врз основа на втора емисија по пат на приватна понуда, донесена од Владата, во својство на Собрание на акционери на НОМАГАС АД Скопје. Втората емисија е одобрена со решение од Комисијата за хартии од вредност од 24 април оваа година.

Од понудени 33.108 обични акции, продадени се сите, во вкупен износ од 3.310.800 евра во денарска противвредност, со што продажбата е реализирана со процес на реализација 100 отсто. Хартиите од вредност се регистрирани во Централниот депозитар за хартрии од вредност на 5 јуни оваа година, а еден ден потоа е доставено известувањето до КХВ“, се вели во Објавата од НОМАГАС испратено до Берзата.

Фактор на оваа тема разговараше со Бајрам Реџепи, директор на НОМАГАС, кој вели дека на овој начин практично Владата ја зголемила вредноста на акциите на ова АД во државна сопственост.

„Практично на овој начин, преку емисијата на нови акции, државата префрла буџетски средства во АД НОМАГАС, а причината за тоа е да се обезбедат средства за експропријација на земјиштето за изградба на Интерконекторот кон Грција“, објаснува Реџепи за Фактор.

Според него, станува збор за земјиште во реонот од Неготино до Гевгелија каде што ќе се гради Интерконекторот, во должина од 68 километри. Тука има околу 600 парцели, и отприлика околу 1.000 сопственици на тоа земјиште.

Инаку, како што објаснува Реџепи, изградбата на Интерконекторот се одолговлекува во однос на она што беше првично предвидено, а главна причина за тоа е фактот што наместо да се гради само гасовод, по тој цевковод ќе може да се трансппортира и водород, а не само гас.

„Ова се прави од причина што после 2050 година веќе нема да се употребува природниот гас, туку него ќе го замени водородот, па затоа не се исплатува тој цевковод да се гради само за 26 години, бидејќи самото времетраење на Интерконекторот е предвидено да биде многу подолго, и од тие причини сакаме да го направиме преку него да може да се пренесува и водород“, објаснува Реџепи.

Од причина што е планирано изградбата на Интерконекторот да почне од крајот на оваа година, НОМАГАС уште сега ја стартува постапката за експропријација на земјиштето, со цел да биде решен најголемиот дел од парцелите до крајот на годинава, за потоа да не се случи градбата да почне, а се уште да постојат нерешени проблеми кои би ја одолговлекувале изградбата, и земјава да не се доведе во ситуација поради тоа да плаќа пенали.

Инаку, Реџепи објаснува дека овие 3,3 милиони евра кои ги дава Владата за експропријација, всушност не се само пари кои треба да им се платат на сопствениците на имотите, туку и средства кои треба да му се платат на Бирото за сусдки вештачења, кое ги прави проценките, како и трошоците за адвокати, судските трошоци, потоа трошоците за супервештачењата и слично.

Интерконекторот би требало да чини околу 80 милиони евра, од кои 15 милиони евра се грант, а за остатокот ќе се земат поволни заеми од Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој. Но, трошоците за експропријација се обврска на нашата држава и таа мора нив да ги подмири.

Интерконекторот кон Грција треба да и обезбеди на земјава повеќе извори за снабдување со гас, со цел таа да не биде зависна само од рускиот, туку да може да го користи и гасот од Азербејџан или од LNG терминалите.

Н.Н.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари