05 Декември, 2025
0.0550

Владата ќе спасува уште едно јавно претпријатие со 150 милиони денари

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021 08:00

Добивај вести на Viber

Владата на една од последните владини седници на 8 јуни разгледувала точка за преземање итни мерки за обезбедување еднократна неповратна финансиска подршка во износ од 150.000.000 денари на Јавното претпријатие „Национални шуми”.

Од Владата не добивме навремен одговор кога и како би била исплатена оваа сума, но од тукушто објавениот извештај на јавното претпријатие за стопанисувањето со шумите може да се види дека во 2020 има намалени приходи за околу 230 милиони денари.

„Средствата за финансиска поддршка од 100 милиони денари се предвидени со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021, кој е утврден на седница на Владата“, гласеше подоцнежниот одговор кој го добивме од Владата, од каде што тврдат дека сепак со Ребалансот на буџетото предвидено е сумата да изнесува за 50 милиони денари помалку.

Од таму велат дека се работи на измена на моделот на функционирање на  претпријатието за да не се таложат загуби во иднина, при што главни приоритети се меѓудругото оптимизација на процесите, рационализација на трошоците и унапредување на заштитата на шумите.

Годината 2020 претпријатието за прв пат по подолго време ја завршува со загуба и тоа од 83,4 милиони денари, за разлика од една година претходно, кога добивката изнесувала 24,7 милиони денари.

„Национални шуми“ сепак има долгогодишно побарување од државата во висина од 164 милиони денари. Има 1.800 редовно вработени работници, а во текот на минатата година биле ангажирани 446 лица на определено време со одобрување од Министерството за финансии.

Од планираното, за 507 милиони денари е помала продажбата на огревно дрво, а за 180 милиони помалку е техничкото дрво. Планот за сеча бил остварен само со 71 отсто, дотурот бил намален за 19 проценти, а намелен бил и превозот, особено кај огревното дрво кој е паднат за 32 отсто од планираната количина. Минатата година биле набавени 15 теренски возила, но сепак намален бил и превозот,

Од почетокот на корона-кризата Владата директно од буџетот финансиски помага повеќе јавни претпријатија кои се најдоа во отежната ситуација, а кои инаку се самофинансираат редовно од своето работење. Годинава на Тутунскиот комбинат Прилеп му беа исплатени 100 милиони денари за да биде откупен тутунот, а лани за „Македонија пат“ беа префрлени 180 милиони денари преку ЈП „Државни патишта“.

„Водостопанство“ доби 36 милиони денари, на Градски трговски центар - Скопје му беа исплатени 17.853.090 денари, како и ЈП Паркови и зеленило - Скопје со 10.788.000 денари од Владата.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“