25 Април, 2024
0.1764

Владата ќе плати половина од инвестициите за двете фабрики на „Дура Аутомотив“?

Објавено во: Економија 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Владата теоретски би можела да финансира половина од кумулативните инвестициски трошоци на двете нови подружници на странскиот инвеститор Дура Аутомотив Системс, односно да плати и по 25 милиони евра, доколку за погоните Екстружонс и Стракшн бидат инвестирани по 50 милиони евра.

Субвенционирањето на оправданите инвестициски трошоци, отворањето работни места, готовинските грантови би можело да изнесува 50 отсто од вкупните трошоци до јуни 2024, доколку двете инвестиции надминат 50 милиони евра. Допонително, двете фабрики на една од светските водечки компании во автомобилскиот сектор ќе имаат гратис период од шест месеци доколку навремено не го обезбедат бараниот број на работници како услов да ги добијат субвенциите. 

Договорите со Владата за субвенционирање се прикриени со X-бројки како дискреционо право на инвеститорот. Субвенционирањето на делот од инвестициите по надминувањето на бројката од 50 милиони евра не може да биде поголемо од вкупно 25 проценти за Екстружонс, додека за Стракшн останува 50 отсто и за инвестиција до 100 милиони евра.

И Комисијата за заштита на конкуренцијата во разгледувањето на договорите тврди дека со субвенционирањето кај овие два погони има елементи со кои им се дава голема предност на пазарот на двете подружници во однос на останатите и дека според пазарните правила инвеститорот е тој кој реално треба да го превземе поголемиот дел од товарот на трошоците. Замеруваат за формата според која се договорени условите на финансирање.

„Дура Аутомотив Системс“ во декември по постигнатите договори со Владата објави дека ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2.

Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании. Во едната ќе произведува нов тип рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе биде со површина од 25.000 квадратни метри и се очекува да почне да работи во првиот квартал на 2021 година.  Втората фабрика ќе биде за производство на алуминиумски ултра лесни профили за батериски системи за електромобили.

Во трите фабрики, од кои првата веќе започна со работа годинава, ќе бидат вработени над 1.000 работници.

Александар Кузмановски.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди