Владата ќе има последен збор за „Македонско село“
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018 15:04
Се огласи претставник на Владата за затворањето на комплексот „Македонско село“.
Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски денеска за затворањето на комплексот којшто е во партнерство со Владата изјави дека овој проект бил направен од поранешната власт.
Тој вели дека менаџментот од другата страна се откажува, и ќе ги плати сите „пенали“ кои следуваат согласно од договорот.
„Имав средба со претставниците на менаџментот на компанијата Тинекс МТ дооел Скопје и Квинс Хотел доо Скопје. Претставниците истакнаа дека стојат на ставот истакнат во соопштението дека еднострано го раскинуваат договорот, поради, како што не известија: „Работење исклучиво со загуба“. Претставниците на менаџментот ме известија дека се свесни за правните обврски кои произлегуваат од договорот, а тоа подразбира активирање на гаранција во износ од 2.690.409 денари, односно 43.000 евра и подмирување на киријата за следните шест месеци. Сакам да ја информирам јавноста дека комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Република Македонија, одлуката за овој неодржлив проект ја има донесено Владата на Република Македонија потпишана од поранешниот премиер, Никола Груевски. Притоа од парите на граѓаните за оваа непродуктивна инвестиција се издвоени 6.5 милиони евра со цел комплексот да биде ставен во функција. Ако се имаат во предвид сите трошоци околу комплексот, преку едноставна пресметка може да се заклучи дека граѓаните ќе може да си ги повлечат потрошените пари после 150 години“, вели Мирчевски.
Додаде дека Службата за општи и заеднички работи на Владата на следната седница ќе достави информации околу целокупната постапка, и потоа Владата ќе донесе одлука што ќе прави понатаму со овој комплекс.
Од денес комплексот „Македонско село“ ќе биде со затворени порти. Ова стана јасно, откако на Фејсбук страната менаџментот ја соопшти одлуката, а која подоцна ја потврди и концесионерот.
„Со извршениот увид констатирано е дека комплексот почнал да се гради во 2011 година, со планирани средства од 4 милиони евра, од Буџетот за период од три години, односно 2011-2013 година. Првичната предвидена вредност за реализација на проектот е надмината со склучување на договори за ентериерно уредување, водоснабдување, приклучување на дистрибитувната мрежа, пречистителна станица, така што целокупниот проект заклучно со 2015 година, издвоени се дополнителни средства од 1,8 милиони евра, и проект чини 5,8 милиони евра“ - велат ревизорите, се наведува во текст објавен во април 2016 година.
Со оглед дека во Извештајот ревизорите констатираат повеќе неправилности тие потенцираат дека:
„Изработката на проектна документација која не соодветствува со фактичката состојба на терен, несоодветно планирање на средствата за ставање во употреба на целиот проект како и поради тоа што истиот уште не функционира како национална туристичка атракција за странски и домашни туристи има ефект на дополнително оптоварување на Буџетот по годините предвидени за негова реализација, односно, издвојување на средства потребни за целосно завршување и одржување, напишале тогаш ревизорите потецирајќи дека кога се работел Извештајот Македонско село се уште нема концесионер.
Комплексот „Македонско село“ чини 1,8 милиони евра повеќе од првично планираната сума, констатирал Државниот завод за ревизија, во Извештајот за работата на Министерството за економија.Детали читајте овде.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





