05 Мај, 2024
0.0254

Владата „ја пронајде“ одлуката дека новиот автопат се вика Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Владата потврди дека е пронајдена службената одлука од претходната власт новиот автопат Миладиновци - Штип да се вика „Гоце Делчев“, објави Слободен печат, и истата останува во сила. ЈП Државни патишта ќе биде задолжен да ги поставува таблите со овој назив.

„Постои владина одлука за именување на автопатот Миладиновци-Штип со назив „Гоце Делчев”, што сметаме дека е добра одлука, а истата нема да биде променета и ќе биде целосно почитувана“, гласи одговорот од Владата.

Од таму велат дека тоа нема да им пречи на источните соседи, затоа што според агендата на договорот за добрососедство со Бугарија е Гоце Делчев да биде заеднички национален херој,.

„Имаме многу заеднички настани и ликови во историјата коишто не спојуваат и за коишто се договоривме дека ќе бидат празници за заедништво, а не за делби. Сега кога и официјално автопатот е пуштен во сообраќај, ќе биде спроведена и постапка за обележување која ќе ја спроведе ЈП Државни патишта, согласно нивните процедури, а Владата на РСМ ќе побара информација за извршеното задолжение“, велат од Владата.

Премиерот Зоран Заев изминатиот викен на свеченото отворање на оваа делница рече дека Владата ќе провери и ако навистина имало таква одлула, тогаш во ред.

„Ако е така, така и ќе остане, нема потреба од промена ако биле завршени процедурите за именување на автопатот, односно автопатот и официјално ќе се вика Гоце Делчев“, рече Заев.

Миладиновци - Штип е пуштен во употреба на крајот на мај оваа година.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче