18 Декември, 2025
0.1730

Владата ја помага ИВЗ во корона-кризата со субвенционирање на 140 плати за вработените

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Владата на неколку пати исплаќала плати за 140 вработени во Исламската верска заедница како државна помош за надминување на кризата во ковид-периодот. Исламската верска заедница е влезена во списокот меѓу стотиците претпријатија кои добиле помош од државата за исплата на вработените. 

По два милиони денари ИВЗ редовно добивала на својата сметка во првиот циклус во мај, јуни и јули, а истата исплата продолжила и во декември и јануари оваа година. Иако станува збор за субјект кој не остварува профит и не учествува во стопанството, од Владата велат дека сепак тоа е организација која има свои вработени.

„Согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 за исплата на плати на работниците, работодавач е секој правен субјект кој вработува работници врз основа на договор за вработување, физичко лице кое вработува работници врз основа на договор за вработување и работодавач корисник согласно Закон за приватни агенции за вработување.

Во овој случај Исламска верска заедница како правен субјект со 174 вработени, поднела барање за финансиска поддршка за 140 вработени и ги исполнила условите за добивање на поддршката“, потврдуваат од Владата во одговорот кој го доби „Фактор“.

Верската организација, според она што може да се провери, е меѓу првите 40-тина баратели на државна помош според висината на исплатата која ја добиваат од државата. Сумите на највисоките исплати се движат од помалку од 10 милиони денари месечно па надолу.

Пред ИВЗ, која делува како натрапник меѓу стопанствениците, највисоките исплати ги добиваат казина, хотели и други услужни дејности, конфекцијата, пекарници, градежници, поштенски услуги  и дејности од трговијата, човечките ресурси и спортот.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа