09 Мај, 2024
0.0263

Владата за само неколку часа го разгневи СОНК - И ние сакаме регрес и дневници

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Доцна синоќа Синдикатот за образование, наука и култура жестоко реагираше откако на владина седница беше решено да се одобри исплата на К-15 само за Гранскиот колективен договор на органиите на државната управа, односно на стручните служби во Владата, кај судовите, јавните обвинителства, казнено - поправни и воспитно - поправни установи, на државното правобранителство, на единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови и центри за социјални работи и други органи основани од Собранието. 

СОНК побара регрес да добијат и другите професии од јавниот сектор преку постигнување на Општ колективен договор. Барањето беше веднаш испратено до Министерството за труд и социјална политика, а на крајот од повикот се најавува и превземање на радикални мерки и повик за бунт до другите вработени во јавниот сектор, како здравството, одбраната и полицијата.

„Веднаш да се отпочнат преговорите за потпишување на Општ Колективен договор за јавниот сектор. СОНК смета дека е неприфатливо МТСП континуирано да го избегнува ова прашање последниве неколку години, особено по се почестите и погласни барања на СОНК во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), барање кое беше јавно упатувано на бројните протести ширум нашата држава. Исто така сметаме дека заедничките прашања во јавниот сектор треба да се уредат или доуредат со општиот Колективен договор и да бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор. Во спротивно, доколку општите придобивки, како што се регрес за годишен одмор, популарниот К-15, слободни платени денови, дневници за службени патувања и т.н.,се уредуваат со грански Колективен договор, а особено ако тој грански синдикат
преставува многу мал процент од вработените во јавниот сектор ,во тој случај се прави огромна дискриминација од причина што буџетските средства по исти основ не се трошат подеднакво за сите буџетари“, реагира Јаким Недеков, претседателот на СОНК, во име на синдикатот.

Владата на Република Северна Македонија синоќа единствено го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ. Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право, се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите.

Ова го разгневи СОНК кој сега ги бара потполно истите привилегии какви што ќе добие администрацијата и од таму велат дека во овој случај државата како најголем работодавач, за некого ќе биде “ мајка” а за некого “маќеа”. Упатија повик да се побунат и медицинските лица, полицајците и војниците. Синдикатот најавува превземање радикални мерки доколку истите бенефиции не важат за неговите членови.

„Вработените во образованието, науката и културата не сакаат и нема да дозволат да се чувствуваа дискриминирано. Сигурни сме дека и вработените во здравството, одбраната, полицијата и служби во државни и јавни установи ќе земат активно учество и подршка за ова наше заедничко право, право за колективно преговарање, право за враќање на изгубените работнички права. Во спротивно, ќе бидеме приморани да ги употре име сите расположливи синдикални дредства, не исклучувајки ги и нај радикалните“, 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните