10 Мај, 2024
0.0334

Владата „ги почасти“ Национални шуми со 100 милиони денари

Објавено во: Економија 01 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Владата преку одлука за преземање итни мерки исплати еднократна неповратна финансиска подршка во износ од 100.000.000 денари за Јавното претпријатие „Национални шуми” минатата недела.

Од објавениот извештај на јавното претпријатие за стопанисувањето со шумите може да се види дека во 2020 има намалени приходи за околу 230 милиони. „Национални шуми“ е едно од претпријатијата во државна сопственост кои минатата година, според листата на Министерството за финансии, годината 2020 ја завршија со загуба.

„Средствата за финансиска поддршка од 100 милиони денари се предвидени со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021, кој е утврден на седница на Владата“, гласи одговорот кој го добивме од Владата.

Од таму велат дека се работи на измена на моделот на функционирање на  претпријатието за да не се таложат загуби во иднина, при што главни приоритети се меѓудругото оптимизација на процесите, рационализација на трошоците и унапредување на заштитата на шумите.

Годината 2020 претпријатието за прв пат по подолго време ја завршува со загуба и тоа од 83,4 милиони денари, за разлика од една година претходно, кога добивката изнесувала 24,7 милиони денари.

„Национални шуми“ има 1.800 редовно вработени работници, а во текот на минатата година биле ангажирани 446 лица на определено време со одобрување од Министерството за финансии.

Од почетокот на корона-кризата Владата директно од буџетот финансиски помага повеќе јавни претпријатија кои се најдоа во отежната ситуација, а кои инаку се самофинансираат редовно од своето работење. Годинава на Тутунскиот комбинат Прилеп му беа исплатени 100 милиони денари за да биде откупен тутунот, а лани за „Македонија пат“ беа префрлени 180 милиони денари преку ЈП „Државни патишта“.

„Водостопанство“ доби 36 милиони денари, на Градски трговски центар - Скопје му беа исплатени 17.853.090 денари, како и ЈП Паркови и зеленило - Скопје со 10.788.000 денари од Владата.

Годинава Владата планира на „Водостопанство“ да му префрли 200 милиони денари како помош. Претпријатието за наводнување и одводнување, станува уште еден државен економски товар, затоа што не може на крај да излезе со исплатата на обврските и со наплатата на побарувањата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?