Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот
Објавено во: Економија 26 Септември, 2023 14:55
Премиерот Димитар Ковачевски денеска по владината седница објави дека од утре трговците се должни да ги ограничат профитните маржи на овошјето и зеленчукот. Во трговијата на големо маржите ќе изнесуваат 10 проценти, а во трговијата на мало маржите не може да бидат поголеми од 15 проценти
- Донесовме одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените до 30 проценти во однос на овие производи. Мерката ќе биде објавена во Службен весник и стапува на сила од утре, рече Ковачевски.
Премиерот потсети дека ова треба да предизвика дополнително поевтинување на овие продукти вои минатата недела влегоа во листата на производи со „гарантирана цена“ и трговците беа задолжени да им ги намалат цените за 10 отсто во однос на 1 август.
- Следат мерки за намалување на увозните давачки за свеж зелечук, ориз, агруми, лимони, портокали и мандарини, како и намалување на царинските стапки за млечни производи со масленост над 10 проценти. Овие одлуки ќе бидат донесени и објавени наредните денови и ќе бидат спроведени во пракса, dodade Kova;evski.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




