17 Декември, 2025
0.2764

Владата ги објави огласите за парно греење, се бара наследник на БЕГ

Објавено во: Економија 26 Август, 2022 09:35

Добивај вести на Viber

Владата на својата интернет страница ги објави повиците и тендерските документации со кои се бара оператори за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија за парно греење на скопјани на местото на БЕГ, кому Регулаторната комисија за енергетика претходно му ги одзеде трите лиценци за работа.

Ќе биде избран оној кој ќе понуди најголема инсталирана можност за топлинска енергија, а се очекува тоа да бидат трите новоформирани претпријатија на АД ЕСМ. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 7 септември во Владата.

Освен еден оператор, може да се пријават и група понудувачи на владиниот оглас, но дејноста мора да биде  производство, дистрибуција или снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.и да има кумулативен приход од 2 милијарди денари во последните три години.

Операторот треба да има право на користење барем на две третини од можноста на постројките за производство на топлинска енергија во главниот град, да има договори со потребниот број на машински и електро инженери и работници кои барем три години ракувале со енергетски уреди и постројки.

Ова алудира на тоа дека трите друштва на ЕСМ веќе имаат договор со Адора Инженеринг, компанија која лани во стечајна постапка го купи недвижниот имот во топлана Исток и топлана Запад, дотогаш сопственост на стечајниот должник Друштво за производство и дистрибуција на топлинска енергија Топлификација АД во стечај Скопје.

Избраниот понудувач по изборот треба да поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика за издавање на лиценца, а еден од потребните критериуми е тоа што во текот на грејната сезона треба да обезбеди алтернативно гориво за 15 дена работа со максимален капацитет.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје