14 Декември, 2025
0.0511

Владата дозволи увоз и продажба на нов тип цигари

Објавено во: Економија 31 Јули, 2018 08:28

Добивај вести на Viber

Новиот закон за акцизи овозможува увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи кои досега граѓаните ги набавуваа од странство. Станува збор за производ од тутун кој се користи со помош на уредот во кој тутунот се загрева, не согорува, а се инхалираат продуктите кои испаруваат при загревањето. Овој тип на производ наречен несогорлив тутун како поим веќе се регулира и во новиот предлог Закон за тутун и тутунски производи. Дел од граѓаните во земјава веќе го користат, ама го набавуваат од соседните земји, од Бугарија, Србија или Грција, каде продажбата веќе беше регулирана. Во Европската Унија веќе расте дебатата колкави давачки треба да се наплатуваат за овој производ, а во светот се повеќе се коментира за својствата на производот.

Се повеќе граѓани од Македонија почнале да го купуваат од овој уред. Најпознат е IQOS (ајкос) кои доаѓа со производот HEETS цигари. Се купува од Србија каде моментно е најевтин, односно чини помалку од две евра. Овој тип „цигари“ се поскапи во Грција, но не е мал бројот на пушачи од земјава кои ги купуваат и оттаму. Од Министерството за финансии потврдија дека со новиот закон сега овој производ ќе може да се увезе и да се продава и кај нас.

„Со новиот закон за акцизи се овозможува увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, кои досега граѓаните ги набавуваа од странство, соопштија од Министерството.

Сепак не прецизираа со колкави акцизи ќе се увезува производот, односно дали ќе важат истите како за другите тутунски производи.

Во соседна Бугарија неодамна се вжешти дебатат за то аколкави акцизи треба да се наплатуваат за вакви производи. Се тврдеше дека со оглед на тоа што не станува збор за електронска цигара бидејќи електронските испаруваат никотинска течност, а воовој производ има и тутун, средното оданочување на бездимните стапчиња треба да е некаде на половина од стандардните цигари. Во Бугарија моментно тоа треба да биде 26 проценти од вредноста на кутијата, како во Романија, Чешка и Хрватска. Во Хландија опфатот е 17 отсто, а во Данска, Полска и Естонија околу 19 отсто. Под 26 отсто од вредноста на кутија цигари се оданочуваат бездимните цигари во Латвија, Швајцарија, Словачка. Во Германија нивото е 28 отсто. Највисок данок има во Франција каде е 67 отсто од вредноста.

Значи не станува збор за електронска цигара, а ваквиот тип производи функционираат на принцип на несогорување на тутунот. Содржат и никотин. Никотинот води кон зависност, се разбира и овие производи не се корисни, но се сметаат за подобра алтернатива на обичните цигари.

A.T.

фото INN


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји