26 Април, 2024
0.0309

ВЛАДАТА ДЕНЕСКА ЌЕ ПРЕСЕЧЕ - кој ќе ги легитимира гостите во локалите дали се од исто семејство

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Кој има право да ги легитимира гостите кои влегуваат во кафулињата и рестораните, за да се дознае дали тие навистина се припадници на исто семејство. Дали тоа да го прават угостителите, како што е сега наложено, или такво право можат да имаат стриктно припадниците на полицијта.

Оваа дилема, според информациите, денеска треба да ја расчисти Владата, односно да пресече дали ќе го прифати барањето на Министерството за економија, да се преиспитаат членовите 8 и 9 од Протоколот за работ на угостителските објекти. 

Всушност, во четвртокот минатата недела, министерот за економија Крешник Бектеши испратил писмо до Комисијата за заразни болести, со барање уште еднаш да се разгледа ваквиот услов, што сега им е наметнат на вработените во угостителските објекти. Од одговорот на Комисијата ќе зависи дали е можно да има промена во овие членови од Протоколот за работа на локалите. 

Од Министерството за економија за Фактор потврдија дека до Комисијата испратиле писмо со кое се бара преиспитување на овие точки, а по реакциите од угостителскиот еснаф дека тие немаат право да ги легитимираат гостите. 

Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот и угостителството упати писмо до Комисијата за заразни болести, со кое бара во најкраток можен рок, Комисијата за заразни болести да ги преиспита членовите 8 и 9 од Протоколите за работа на угостителските објекти, донесени на седница на Влада на ден 26.05.2020 година. До Министерство за економија, по објавување на Протоколите, се пристигнати голем број на реакции од страна на здруженија, комори и асоцијации на угостители, со забелешки дека истите не можат да постапуваат по Уредбата, од причина што согласно Законот за угостителска дејност, келнери, менаџери или управители на угостителски објекти немаат право да легитимираат граѓани, односно гости“, објаснуваат од Министерството за економија. 

Министерот за економија Бектеши деновиве изјави дека право за легитимирање на гостите може да има само Полицијата.

„Минатата недела, во четвртокот, испратив писмо до Комисијата за заразни болести, за да се разгледаат одлуките од протоколите, посебно точките осум и девет, кои се однесуваат на легитимирањето на посетителите во угостителските објекти. Министерството за економија смета дека право за легитимирање има само полицијата и никој друг. Го чекам одговорот од Комисијата. Кога ќе го добиеме и кога ќе знаеме дали може да има промени, ова прашање ќе го отвориме на владина седница, каде ќе донесеме и соодветна одлука“, изјави вчера министерот Бектеши. 

А членовите 8 и 9 од Протоколот за работа на угостителските објекти гласат вака.

Во членот 8 се вели дека „на една маса со четири столици можат да седат и да се послужуваат максимум две лица“, додека, пак, членот 9 гласи дека „на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство“. 

Токму овие членови ја создаваат најголемата забуна во смисла на тоа како да се открие кои гости се од исто семејство, а кои не се. Тоа може да се докаже само преку нивните лични документи, а угостителите не сакаат да бидат во улога на „испитувачи“ на гостите, со што би им создале непријатност уште при самта посета на угостителскиот објект.

Од Комисијата за заразни болести вчера веќе разговарале на оваа тема, а според информациите, за нив биле прифатливи барањата на Министерството за економија. 

Сепак, дали и какви измени ќе бидат предложени во протоколот, треба да пресече Владата на својата денешна седница. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9