Владата без лимит се гостела на Преспанскиот форум за дијалог
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2021 07:45
Членовите на Владата и
нивните гости без лимит се гостеле на Преспанскиот форум за дијалог во Охрид и
Отешево. Службените трошоци за угостителски услуги немале лимит, затоа што
Владата непосредно пред настанот донела таква одлука на 23 јуни на владина
седница.
Во одлуката за начинот
на користење на висината на износот на средствата за угостителски услуги на
територијата на земјата бил донесен став според кој лимитот на
угостителски услуги не се однесува при „одржување на: меѓународни конференции,
меѓународни форуми, прием на странски делегации и пригодни свечености по повод
јубилеи и празници на територијата на Република Северна Македонија".
По иницијатива на вицепремиерот за
спречување на корупција, Љупчо Николовски, во Владата беше донесена одлука во
април службените трошења за угостителските услуги да бидат лимитирани до 2.500
денари по лице за премиерот па до 1.000 денари по ручек за директорите на
државните органи. Со најновата одлука на Владата, ова не би важело за „Преспа форум за дијалог“.
За останатите ситуации, владиниот функционер доколку го
пречекори лимитот, треба со свои лични средства да го исплати остатокот од
сметката од работниот ручек најмноги три дена потоа. Треба да поднесе и
извештај за природата и целта на работниот состанок, број на присутни лица,
време, место и датум на работниот состанок. Без овие податоци, секторот за
финансии во државниот орган не би извршил исплата а следуваат и санкции според
кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни
функции именувани од Владата.
На „Преспа форум дијалог“ се собраа
повеќе од триста гости меѓу кои беа сегашни и поранешни премиери и претседатели
од регионот и високи државни претставници на САД и ЕУ, експерти, сегашни и
поранешни челници на највисоките политички, безбедносни и финансиски
институции, дипломати и професори. Настанот бил грижливо планиран цела
една година
Од системот за јавни набавки може да се види дека Министерството за надворешни работи веќе склучило договор со „Голден Тур“ за 3,54 милиони денари во мај за „набавки на ресторански и хотелски услуги во земјата и закуп на конференциски сали преку туристичка агенција“.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





