Визионерот Елон Маск ќе седне на маса со Доналд Трамп
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Големиот бизнисмен и технолошки визионер Елон Маск ќе седне на маса со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа со цел да разговараат за идни развојни проекти и подобрување на инфраструктурата. Трамп пред изборите вети дека планира САД да вложи 1 трилион долари во изградба на нови аеродроми, автопати и мостови.
Присуството на Маск како технолошки визионер може да даде нова димензија на планот на Трамп доколку се искористи неговото искуство од развој на различни технологии, од софтвер до вселенски мисии. Претходно Маск учествуваше на тркалезната маса со Трамп која беше иницирана од компаниите во Силиконската долина.