09 Мај, 2024
0.0259

„Витаминка“ растура! Приходот од продажба достигна 40 милиони евра!

Објавено во: Економија 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно продажбата на „Витаминка“ лани пораснала за 2,9 милиони евра до ниво од 39,6 милиони евра. Ретко која наша компанија може да се пофали со раст на извоз на готов производ, а „Витаминка“ својот извоз го зголемила за 11 отсто односно за 1,64 милиони евра до износ од 16,3 милиони евра

Најголемата македонска кондиторско-прехранбена индустрија „Витаминка“ лани ги зголеми приходите од продажба за 2,9 милиони евра односно за 8 отсто. Растот на приходите од продажба се зголемува на домашниот пазар, но и на странските пазари. Тоа значи дека нашата најголема кондиторско-прехранбена индустрија е високо конкурентна и тоа сигурно се добри вести за нејзините многубројни домашни акционери. Растот на продажбите на домашниот пазар и во странство сигурно ќе биде поважно за акционерите од тоа што компанијата има помала оперативна добивка од 2018 година, повисоки финансиски расходи заради зголемените краткорочни кредитни обврски и преполовената добивка во однос на претходната година.

Приходите од продажба на „Витаминка“ достигнаа вкупна вредност од 39,6 милиони евра што е за 2,9 милиони евра или 8 отсто повеќе од 2018 година. Домашната продажба продолжува да биде поголема ставка во вкупните приходи од продажба, но извозот расте повеќе што значи дека компанијата успешно се наметнува на странските висококонкурентни пазари. Продажбата во Македонија лани достигнала 23,3 милиони евра што е за 6 отсто односно за 1,27 милиони евра подобар резултат од 2018 година. Извозот на „Витаминка“ лани достигна 16,3 милиони евра и бележи зголемување за 1,64 милиони евра односно за 11 отсто во однос на претходната година. Раст има и кај останатите оперативни приходи кои се зголемени за повеќе од двојно во споредба со 2018 година и лани достигнале 1,3 милиони евра.

Оперативните расходи на компанијата лани изнесувале 40,5 милиони евра и се за 8 отсто односно 2,96 милиони евра повисоки од 2018 година. Најголем раст има кај најголемата трошковна ставка – трошоците за суровини и други материјали кои пораснале за 8 отсто и достигнале 25,2 милиони евра. Трошоците за вработените пораснале за 10 отсто до износ од 6,1 милиони евра. Оперативната добивка на компанијата заради растото на трошоците е значајно пониска од 2018 година и изнесува 783.000 евра што е за 41 отсто помалку од претходната година.

Од аспект на финансиите значајно е да се спомене дека заради зголеменото ниво на краткорочни кредити компанијата има зголемени финансиски расходи за 18 отсто лани и тие изнесувале 533.500 евра. Нето добивката е 488.000 евра и таа е за 50 отсто пониска во споредба со претходната година.

Од билансот на состојба е видливо дека се зголемени краткорочните кредитни обврски за 88 отсто до 6,3 милиони евра, а вкупните тековни обврски на компанијата изнесуваат 11 милиони евра. Вкупните обрски на друштвото на крај на 2019 година биле 23,6 милиони евра, а од нив долгорочните кредитни обврски изнесуваат 12,8 милиони евра и бележат пад за 3 отсто. 

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?