26 Април, 2024
0.0332

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА СТАНОВИТЕ НЕ СЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ, но интересот за купување не стивнува, понатамошни осцилации не се очекуваат

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Драматичнот раст на цените на становите и недвижнините на крајот на септември кој го објави Народна банка според инволвираните во секторот недвижнини е загрижувачки, но воопшто не е изненадување. 

Тие се согласни дека изминатиов период има значителен раст на цените на недвижнините, и воопшто не го оспоруваат податокот на НБРСМ дека цените на становите пораснале за дури 21,2 отсто во однос на истиот период минатата година. 

Становите во однос на претходниот квартал од периодот април-јуни поскапеле за 4,7 отсто, објави НБРСМ. Претходно тие посочија дека во јули, поскапувањето на годишно ниво беше за 16,5 отсто.

Податоците кои ги објави Народна Банка дефинитивно се загрижувачки, но сепак се реалната слика на пазарот на недвижности. Наглото зголемување на цените на становите започна на крајот на првиот квартал од тековната година и тој тренд траеше се до почетокот на третиот квартал. По ова, во претходните два месеци имавме стабилизација бидејќи цените го достигнаа својот максимум и сметам дека во наредниот период нема да има големи осцилации - вели генералниот менаџер на агенциајта за недвижнини „Левел 7“, Игор Панчевски. 

Тој посочува дека интересот за купување на станови и понатаму е на исто ниво, дека жетта за станови не стивнува, но укажува дека купците се попребирливи и повнимателни при носењето на конечната одлука за купување. 

Генерално интересот за купување на становите не е намален, но е намалено темпото на реализација односно граѓаните се повнимателни во изборот согласно условите на пазарот односно ги усогласуваат своите желби и потреби согласно буџетот со кој располагаат и се случува доста често да размислуваат за алтернативни решенија во однос на локацијата и големината на станот - прецизира Панчевски.

Значителнот раст на цените на становите, неизбежно го наметнува прашањето кои се причините за ваквиот раст на цените, раст на трошоците или намалената продукција на станови изминатиот период.

- Видете, станбениот простор е производ како и се друго, но со една разлика а тоа неговата трајна вредност и неговата цена е дефинирана според инпутите за продукција но и според влијание од надворешни фактори како што се глобалната ситуација т.е политичко – финансиските текови, политиките на банките и институциите и секако соодносот на понудата и побарувачката на пазарот на недвижности. Причините кои ги наведовте секако влијаат на цената на новоизградениот станбен простор, но кај нас имаме состојба кадешто и постарите станови го пратеа трендот на зголемување и речиси се изедначија со цените на новите станови. Причината е што е намалена продукцијата на нови станови особено во Скопје на атрактивните локации кои до скоро беа под мораториум, но и поради се помал број на слободни локации за градба воопшто - појаснува Панчевски.

Нашиот соговорник укажува дека, во Скопје, без разлика на состојбата на пазарот на недвижности секогаш најбараните локации и со највисоки цени се во централното подрачје како што се Центар, Водно, Капиштец, Дебар маало каде што веќе имаме цени од 1600 евра за метар квадратен до 1800 евра за метар квадратен.

По централните градски средини, интересот е исто така висок за населбите Карпош 1 и Тафталиџе 1 со цени од 1400-1600 евра за метар квадратен, потоа Аеродром од 1200 - 1500 евра, па Кисела Вода 1200-1400 евра, Ново Лисиче, Влае, Хром и Ѓорче Петров со цени од 1150 -1350 евра.

- Како што гледате веќе немаме цени под 1000 евра за метар квадратен, освен во периферните населени места како што се Новоселски Пат од северозападниот дел на градот и Маџари, Хиподром и Илинден од североисток - истакнува Панчевски.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката