05 Декември, 2025
0.0867

ВИРУСОТ СПЛАСНУВА, НО МЕДИЦИНСКИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ПРИОРИТЕТ: Милион евра за реагенси, маски, ракавици, скафандери...

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2021 07:17

Добивај вести на Viber

Корона вирусот во овие летни месеци дефинитивно ја нема силата како во претходните два брана, болниците се речиси целосно испразнети, а бројот на новозаразени лица е во постојан пад. Во 18 градови веќе нема активни случаи, додека на териотријата не цела Македонија остануваат уште околу 150 лица заразени со вирусот, од кои нешто повеќе од 60 се во Скопје.

Сепак, приоритет на здравствените институции е набавка на медицински материјали против Ковид-19. Имено, Институот за јавно здравје кон крајот на мај склучил два договори со кои за повеќе од милион евра набавува медицински реагенси, тестови и други материјали за КОвид-19. Едниот договор е со скопската компанија ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА, вреден 768.363 евра, другиот со компанијата БИОСИСТЕМИ МК во вредност од 256.377 евра.

Институтот набавува од Елта реагенси и тестови но и други материјали.

-Комплет реагенси за изолација на вирална ДНК и РНК од различни примероци (плазма,серум и др.клеточни течности) кои можат да се употребат со било кој ПВР тест во реално време за детекција на патогени агенси. Да биде врз принцип на специфично поврзување на ДНK и РНК за спин филтер, фиксиран во колонки. Задолжително да вклучува:спин колонки, раствор за поврзување,WB-раствор 1,WB-раствор 2,EB-раствор,RTA спин филтер сет, RTA тубички за колекционирање и тубички за елуција на примерок.

-Реагенси за автоматска изолација на РНК (рибонуклеинсka киселина) од различни примероци, кои можат да се употребат со било кој ПВР тест во реално време за детекција на патогени агенси компатибилни за MagCore 16 Super или еквивалент

Се набавуваат и маски, мантили, ракавици, скафандери и каљачи...

Договорот со компанијата БИОСИСТЕМИ МК кој е вреден 256.377 евра, пак, предвидува набавка на повеќе видови лабораториски реагенси.

Инаку, договорот на Институтот за јавно здравје за јавната набавка со компанијата Елта 90 Молекуларна медицина е меѓу најголемите договори објавени во последните 7 дена.

А.Б.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите