15 Декември, 2025
0.0511

„ВИРУСОТ МУТИРА ПОБРЗО ОД ПРОИЗВОДСТВОТО НА НОВИ ВАКЦИНИ“: Почна вакцинацијата против ковид со четврта доза

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2022 07:56

Добивај вести на Viber

Во Македонија се уште е релативно мал процентот на вакцинирани против корона вирусот, и во периодов кога бројките на новозаразени драстично почнаа повторно да растата, здравствените власти соопштија дека стартуваат со вакцинација на четвртата доза против Ковид-19. Последните податпци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека досега во земјава барем една доза вакцина против ковид примиле 874.877 лица, со две дози се вакцинирани 855.879 лица, а само 9 отсто примиле и зајакнувачка, односно бустер доза или во бројки-159.839 лица. Лекарите апелираат дека вакцинацијата се уште е најдобрата заштита против корона вирусот и дека иако не даваат 100 процентна заштита од заразување, пациентите секако се со далеку полесна клиничка слика и немаат потреба од хоспитализација.

-Ова се потврдува и од фактот што во нашите болници нема оптоварување. Голем фактор за на некој начин стекнатиот колективен имунитет е и огромниот број прележани пациенти, но еве бројките на заразени, и тоа во екот на летото, повторно се во нагорна линија. За жал, имаме пациенти кои не сакаат да слушнат за вакцината против ковид, што значи дека не примиле ниту една доза досега. Тие секако се многу поранливи доколку бидат изложени на вирусот, и тоа особено сега кога сите мерки се укинати. Што се однесува до четвртата доза од вакцината против корона вирусот, лично сметам дека голем дел од оние кои примија бустер, а тоа се претежно возрасните со хронични заболувања, ќе покажат интерес да се вакцинираат повторно. Инаку бустер доза примија и релативно млади луѓе, без други здравствени состојби со цел да може да патуваат слободно во земјите каде се бара да бидат вакцинирани со три дози, велат од приватните општи ординации.

Инаку, како што соопштија од Министерството за здравство, вакцинацијата со четврта доза ќе се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Се препорачува посебно за хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

Инаку, во моментов во Европа доминираат субваријантите на сојот омикрон, БА.4 и БА.5. Особено брзо се шири БА.5, субваријанта за која еден од најпознатите српски пулмолози, д-р Срџан Лукиќ, кој работи во Словенија вели дека тоа е најлошиот омикрон досега.

-Еве неколку новости: видот Omicron BA.5 станува доминантен. Се чини дека е најлошиот омикрон досега, антигенски сосема различен од варијантата BA.1, за која вакцините допрва треба да пристигнат и не знаеме колку ќе бидат ефикасни против BA.5. Вирусот мутира побрзо од производството на нови вакцини, пишува на Твитер, д-р Лукиќ.

Во земјата во моментов има 1.126 активни случаи на коронавирус и иако нема враќање на антиковид мерките засега, здравствените власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги носат заштитните маски посебно во јавниот превоз и здравствените установи, но и во други затворени простории каде што има голема концентрација на луѓе.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија