07 Мај, 2024
0.0178

ВИМБЛДОН ЖЕСТОКО ГО КАЗНИ ЃОКОВИЌ - еве зошто и колку Новак мора да плати, дали држи ОБРАЗЛОЖЕНИЕТО

Објавено во: Спорт 17 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Челниците на Вимблдон го казниле Новак Ѓоковиќ со 7.000 евра затоа што со рекетот ја погодил стативата од мрежата за време на финалето против Карлос Алкараз.

Во финишот на мечот, по неговите кардинални грешки, Ѓоковиќ беше толку лут што на патот кон клупата го „тресна“ рекетот на столбот. Од силината на ударот рекетот се распарчил, а подоцна Новак му го подарил на навивач.

Организаторите ја оправдаа казната со „злоупотреба на рекет“.


Курир спорт.рс

Фото: ЕПА