18 Декември, 2025
0.3070

Вилата на Водно на бизнисменот Марковиќ ќе се продава за милион евра

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Владата на 7 ноември донела нова одлука со која на Агенцијата за управување со одземен имот и дава дозвола да ја продаде конфискуваните вила и атрактивно земјиште на Водно на црногорскиот бизнисмен Миодраг Марковиќ за милион евра.

Државата пред точно 11 години одлучи конфискуваниот имот на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, и на неговиот соработник Миодраг Марковиќ да го стави на продажба врз основа на правосилна  судска одлука од 2007 и 2008 година поради тоа што го оштетиле Буџетот за 103 милиони денари, односно 544 милиони денари. Државата реши да го продава преку јавно надавеање, но не се најде купувач за вилата на Марковиќ.

Вилата на улицата „Питу Гули“ бр.13 во скопската населба Водно, со површина од 1.800 метри квадратни, и тоа двор 1526 метри квадратни со базен, зграда 251 метар квадратен и помошна зграда од 23 метри квадратни тогаш беше понудена со почетната цена на наддавањето е определена на 82 614 641 денар.

Во 2021 имаше обид за уште една продажба, но тогаш Управата за продажба на конфискуван имот, предводена од тогашниот директор Фатно Асани, направи пропуст и ја понуди само вилата за 132.000 евра, без земјиштето кое вреди многу повеќе. Веднаш потоа огласот беше повлечен, а адвокатот на Марковиќ пред медиумите рече дека за овој имот и натаму се водат нерасчистени судски постапки.

Новата почетна продажна цена Бирото за судски вештачања ја утврдила на 26 декември 2022 на точен износ од 60.247.919,00 денари. Ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање. Од Агенцијата за управување со одземен имот ни одговорија дека понудата за продажба ќе се реализира „во скоро време“.

Црногорецот Марковиќ беше осуден за даночно затајување во случајот кога неговата фирма „Арарат“ од Никшиќ со сомнителни трансакции купила 36,16 проценти од акциите во охридски ЕМО, со што Марковиќ станал доминантен сопственик на фирмата. Наводно, со испраните пари потоа купувал движен и недвижен имот низ Македонија. Даравелски е слободен, откако неговото дело застаре додека беше пребегнат во Белград, а во меѓувреме се врати во земјата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа