14 Декември, 2025
0.0457

Виктор Андонов: Нас не треба да не засегнува колку ќе чини „Чебрен“

Објавено во: Економија 26 Септември, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Виктор Андонов, советникот за енергетика во кабинетот на премиерот, во последните 20 години е вклучен на разни нивоа во сите 14 обиди да се пронајде приватен партнер за изградба на проектот „Чебрен“.

Владата веќе објави дека за концесионер е избран конзорциумот Паблик пауер корпорејшн - Архиродон, кои имаат големо искуство во овој енергетски сектор. Проценетата вредност на инвестицијата е околу една милијарда евра, а предвидениот рок за нејзино завршување е 7 години. 

Во последниот повик, во чија комисија членува самиот Андонов, што беше објавен во 2020, дилема во јавноста предизвика сумата од 570 милиони евра за истата моќност од 333 мегавати на хидроцентралата. Андонов, кој изминатите денови предаваше на интерактивен семинар за медиумите во организација на Регулаторната комисија за енергетика во Охрид, вели дека во тој период сумите биле проектирани да бидат далеку пониски пред кризата со инфлацијата.

- Јас сум вклучен во овој проект уште од првиот повик во 2003 и тогаш знам дека трошоците беа проектирани на 1 милион евра за 1 мегават. Во меѓувреме помина многу време и имаше 13 неуспешни повици, а при последниот поскапеа многу работи. Треба да се знае дека АД ЕСМ како партнер во акционерското друштво што ќе се формира го дава ХЕЦ Тиквеш како влог и е ослободен од сите други трошоци. Приватниот инвеститор на крајот може ќе треба да потроши многу повеќе, но тоа нас не не засегнува. Ние влегуваме со хидроцентралата Тиквеш, која ќе се приклучи на истиот систем, и чија амортизирана вредност во моментов изнесува да речеме само 20 милиони евра, тврди Андонов.

Неофицијално, Паблик пауер корпорејшн - Архиродон ќе бара меѓународно кредитирање и заем од 700 милиони евра за да може да го изгради системот на Црна Река. АД ЕСМ со учество од 33 отсто во акционерското друштво ќе го даде ХЕЦ Тиквеш, кој има моќност од 100 мегавати.

- Вкупната моќност на „Чебрен“ ќе биде 333 мегавати, а ХЕЦ Тиквеш иако изгледа дека има голем потенцијал, неговата искористеност зависи токму од овој проект. Со почетокот на работата „Чебрен“ ќе се засили и работата на ХЕЦ Тиквеш и ќе биде подобро искористен, смета Андонов.

Советникот во кабинетот на премиерот вели дека иако АД ЕСМ ќе биде малцински сопственик, во договорот со приватниот партнер ќе има заштитни клаузули во меѓусебните односи.

- Во одборот ќе членуваат пет лица, од кои тројца од приватниот инвеститор и двајца од јавниот, но ќе има десетина точки во договорот за кои нема да може да има надгласување. Тоа ќе важи, на пример, за кадровската политика, односно кој да биде вработен, итн, вели Андонов.

Идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години. Досега имало 13 неуспешни тендери во последните 20 години. 

Хидроцентралата Чебрен ќе ја овозможи енергетската транзиција на Македонија кон обновливи извори на енергија, поради нејзината можност да го балансира електроенегетскиот систем. Освен функцијата за производство на електрична енергија, браната ХЦ Чебрен е предвидено да има режим на пумпање и враќање на водата назад на поголема висина, за што на Црна Река е предвидено создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во земјава.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји