23 Април, 2024
0.0273

ВИДНЕТ Солушнс креираше софтвер за човечки ресурси со кој се зголемува продуктивноста во компаниите: Интервју со Мицкоски

Објавено во: Економија, Интервјуа 03 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Компанијата со која раководи креираше софтвер за човечки ресурси, единствен од ваков вид во земјава. Приказната датира од 2019 година, период од кога постои и ВИДНЕТ Солушнс – во интервју за Фактор Дарко Мицкоски главниот извршен директор на компанијата вели дека овој софтвер овозможува зголемување на продуктивноста и задоволството, значително го скратува времето за администрација и ги поедноставува работните процеси во фирмите. На тој начин, од друга страна, долгорочно се зголемуваат приходите на потенцијалните клиенти кои би го користиле. Софтверот има повеќе од 13 модули кои се дел од неколку пакети. ВИДНЕТ Солушнс нуди персонализирани пакети во согласност со барањата на клиентите, но и во зависност од нивното досегашно ниво на дигитализација. Месечната претплата секогаш ја вклучува и инвестицијата од клиентите за имплементација на софтверот.

Мицкоски: ВИДНЕТ Солушнс (WIDNET Solutions – (www.widnet.mkна некој начин и така настана во 2019 година. Прво забележавме еден дел од компаниското работење што го лоциравме како проблем. Тоа особено беше видливо во делот кога се правеа метрики индивидуално по вработен, кога податоците не беа веродостојни и имаше рачни дополнувања и кратења. Потоа приказната продолжи кон целосно идентификување на постоечките проблеми во управување со човечките ресурси, па така ја создадовме првата основна верзија од софтверот (CORE решение). На крајот додадовме и дополнителни метрики кои го прават нашиот софтвер лесен за користење и целосно ориентиран кон вработените (people oriented).

За поупатените читатели и оние со техничко знаење, backend-от на софтверот е развиен во .NET CORE Framework, со користење на C# програмски јазик. За frontend користевме HTML5, CSS3, Javascript, JQuery, SignalR i ASP.NET MVC со Razor server синтакса.

Кoи се ваши потенцијални клиенти, очекувате ли интерес кај домашните компании?

Мицкоски: Наши потенцијални клиенти се сите оние кои не би сакале да ја затворат својата компанија во блиска иднина, туку напротив сакаат да опстојат и да растат во оваа декада. Зошто? Бидејќи дигиталната трансформација е неопходен услов и незапирлив процес во ова време ако ги земеме предвид сите текови. Па така, ставајќи го фокусот на вработените, нашиот софтвер овозможува зголемување на продуктивноста и задоволството, значително го скратува времето за администрација и ги поедноставува работните процеси. На тој начин долгорочно се зголемуваат приходите на потенцијалните клиенти.

Во оваа насока, Европската Унија на пример, во рамките на своите програми, распредели над 200 милијарди евра за дигитализација во цела Европа во периодот до 2027 година. Дел од тие средства се наменети и за Македонија, па затоа и ние сакаме да им помогнеме на македонските потенцијални клиенти. Кога сме кај домашните компании, во 2022 година започнавме подинамично да настапуваме на нашиот пазар така што формиравме Конзорциум заедно со една од најуспешните консултантски компании во Македонија КОНСАЛТИНГ ИНТЕРГРУП предводена од Пенка Мукаетова (www.cig.com.mk).  

Покрај фокусот на домашниот пазар ВИДНЕТ Солушнс во 2021 година веќе успешно се проби на светските пазари каде што е препознаен и високо ценет.


Дали овој проект за HR ќе работи како систем на претплата по корисник или популарно наречен SaaS (Software as a Service), или станува збор за класична десктоп програма што се инсталира на компјутерот на корисникот?

Мицкоски: Нашиот софтвер – WIDNET HR Portal се продава по систем на претплата/по корисник (SaaS). Две работи што треба тука особено да се нагласат се дека софтверот има повеќе од 13 модули и истите се дел од неколку пакети. Ние нудиме персонализирани пакети во согласност со барањата на клиентите, но и во зависност од нивното досегашно ниво на дигитализација. Втора важна работа е што месечната претплата што ја договараме секогаш ја вклучува и инвестицијата од клиентите за имплементација на нашиот софтвер.

Кој се грижи за одржувањето и податоците на корисниците бидејќи сепак станува збор за прибирање на лични податоци од вработени, дали е потребно фирмите да ангажираат ИТ персонал или грижата ја правите вие?

Мицкоски: ВИДНЕТ Солушнс работи во согласност со Регулативата на ЕУ за заштита на лични податоци(GDPR). Нашата прва опција за клиентот е потпишување на Договор за чување деловна тајна врз основа на којнашата компанија се грижи за податоците и го оддржува софтверот, а тие податоци сепак може да се употребуваат само за цели на клиентот. На тој начин тие нема потреба да вработуваат дополнителен ИТ персонал. Доколку пак барањето е само клиентот да има пристап до податоците, ние тоа технички му го овозможуваме со нивна енкрипција (заштита).

Важно е да напоменеме дека функцијата на нашиот софтвер е да се собираат статистички, квантитативни и квалитативни податоци за целиот тим на клиентот кои му овозможуваат поинформирано носење одлуки, а со тоа и поуспешна работа.


Во кој правец очекувате да се развива проектот во иднина?

Мицкоски: Како во изминативе три години, така и кога ги правиме плановите за иднината на проектот, ние редовно вклучуваме експерти кои се од области на: менаџмент со човеки ресурси, тренери за личен бизнис развој, експерти по деловно работење и деловна комуникација, како и психолози кои што се фокусирани на задоволството и здравјето на вработените. Нивните совети како консултанти редовно ги земаме предвид при планирањето и развојот на функционалностите на софтверот. Исто така, проектот ќе го развиваме интернационално на повеќе пазари притоа следејќи ги трендовите. Така, од технички аспект, веќе почнавме да ја имплементираме  вештачката интелегенција во нашиот продукт. ВИДНЕТ Солушнс веќе работи на БОТ кој што во суштина им помага на вработените да имаат побрза интеракција со секторот за човечки ресурси. Исто така работиме и на нов тип на мерење на задоволство на вработените преку БОТ кој што собира релевантни информации во реално време. Тој има алгоритам кој истите ги конвертира во резултати важни за здравјето на самата компанија.

На кој начин очекувате да добиете поголем број на клиенти? Дали со воведување на повеќе функционалности или со понудување на подостапна цена да може поголем број на компании да си го дозволат, а сепак тоа да биде исплатливо и за вас за работење?

Мицкоски: Двете работи се важни! Како ИТ компанија ВИДНЕТ Солушнс првенствено се фокусира на развој на функционалности кои ќе им помогнат на клиентите во секојдневното работење и ќе им ги скратат трошоците. Тоа ги прави побрзи и поефикасни. Во однос на цената, ние сме свесни за можностите кои ги имаат компаниите во Македонија и секогаш сме тука да понудиме најдобар квалитет за пристапни цени!

Како во земјава генерално е голема свеста за потребата од вакви решенија во бизнис секторот?

Мицкоски: Во однос на секторот за човечки ресурси (HR) во нашата земја, може да кажеме дека во последно време забрзано ги следи светските трендови. Сведоци сме дека многу често се организираа настани на кои се зборува за унапредување на внатрешното работење преку надградување на сопствените вработени со нови знаења и вештини. Она што сè уште е поретко застапено е автоматизацијата на нивното работење и секојдневно следење на работата низ реални параметри. ВИДНЕТ Солушнс, како корпоративна членка на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), редовно ги следи сите настани на оваа тема и презентира конкретни решенија за дигитализација на процесите. На пример, на последната годишна конференција, ние зборувавме на тема: „Вештачката интелегенција како помош во работењето на HR секторот, ДА или НЕ!?”.


Кои се вашите потреби во однос на регулативата во државата?

Мицкоски: Не би сакал премногу да се расплинувам на темава , но...ако сме „АВАНГАРДА” на 21 век, тогаш така и треба да нè гледаат! Ние ќе вратиме двојно повеќе и ќе бидеме репрезенти насекаде низ светот бидејќи македонските компании се веќе далеку препознаени дека располагаат со врвна експертиза. Дополнително, ние сме тука и целосно да го поддржиме забрзувањето на процесот кон исполнување на ЕУ стандардите од страна на државните институции. А како некој кој е зависен од оваа работа, можам да кажам дека вреди секој “bооst” и секоја поддршка која е дадена.

Дали како фирма работите само на развој на свои продукти или работите и outsource за други фирми во Македонија и странство?

Мицкоски: Ние го одбравме можеби потешкиот пат, но силно веруваме дека тој е долгорочно поодржлив. Од самиот почеток развиваме само наши македонски продукти кои најчесто ги нудиме во странство. ВИДНЕТ Солушнс, освен софтверот за човечки ресурси (WIDNET HR Portal), развива и софтвер за здравствениот сектор (HEALTH FIRST Platform) кој е применлив во болници кои обезбедуваат прва помош за брзи интервенции. На тој начин ние продолжуваме да растеме водени од нашето мото „Ние сме фокусирани на луѓето“ (We are all about humans)!

A.T.


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените