03 Мај, 2024
0.0270

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЗАПОЧНА КАМПАЊА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Видеолотарија Касинос Австрија започна кампања за едукација на  играчите од опасностите кои ги предизвикува прекумерното играње игрина среќа. Нашата цел е зголемување на јавната свест за ризиците од прекумерното играње игри на среќа.

Со цел спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, Видеолотарија Касинос Австрија активираше кампања за одговорно играње. Како општествено одговорна компанија, посветивме сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории. Преку препораки кои ги пренесува нашиот бренд амбасадор Игор Стефановски Иџе, ќе се обидеме да ја влијаеме на поголема свесност за злоупотребата на игрите на среќа. Активирана е и посебна информативна страна igrajodgovorno.mk која ја подготвуваат стручните лица од областа на психологијата и психијатријата со кои имаме соработка.

Само за потсетување, под слоганот „ИГРАЈ ОДГОВОРНО“,  во 2019 година го формиравмеСОС тимот, прв од ваков вид во нашата земја. Во истиот период активирана е СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни и искусни лица од областа на психологијата.  Во текот на 2022 на телефонската линија 072.809 809 се јавиле 126 лица.

Според невропсихијатарката, прим. д-р Павлинка Вескова, соработката со Видеолотарија беше официјализирана во 2019. Таа година беа реализирани едукативни предавање во 5 основни и 7 средни училишта во Скопје. Во 2020  реализирани се предавања на факултетот за Медицина и факултетот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Дополнително беа реализирани и едукативни предавања за родителите/старателите од згрижувачките семејства во СОС детско село. Советувалиштето во рамки на Даре Џамбаз, во 2019 го посетиле  17, а во 2020 од 146 лица. Предавањата беа реализирани и во 2022, додава Васкова. Годинава се планирани едукативни предавања на неколку факултети. Заедно со Видеолотарија отворивме стручни советувалишта  во Скопје, Сарај и Куманово, а во текот на годинава, планирани се и нови советувалишта во Радовиш, Гостивар, Битола и Прилеп, сподели Павлина Васкова.

Видеолотарија Касинос Австрија од Европската асоцијација на лотарии, го доби и сертификатот за одговорно приредување на игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа. Ние секогаш нагласуваме дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија