(ВИДЕО+ФОТО) ПУТИН НА АРКТИКОТ: Војската да го чува рускиот дел, вреден е 30.000 милијарди долари
Објавено во: Свет 30 Март, 2017
Рускиот претседател, Владимир Путин побара од војската и од безбедносните служби да ги заштитат руските интереси на Арктикот.
„Природните извори кои се најважни за економијата на Русија, се во овој регион“ - рече Путин.
Тој оцени дека суровините кои таму се наоѓаат вредат 30.000 милијарди долари.
Путин вели дека мора да се искористат сите можности за меѓународна соработка на Арктикот.
Рускиот претседател додава дека треба да се зајакнат заедничките проекти за Арктикот.
Тој спомена и приватно партнерство и кажа дека Русија е подготвена со странци да го развива Арктикот.
Тука спаѓаат развој на природни ресурси, инфраструктура, па се до екологија и наука.
Премиерот Димитри Медведев кажа дека работат на создавање инструменти за развој на овој регион.