(ВИДЕО) Зима каде не и е местото - еве како изгледаат Емиратите на - 2 степени
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017
Во делови од Емиратите има температури од -2 степени, силен ветер со брзина од 80 км на час, и намалена видливост.
Ова наликува на зима на Балканот. Од безбедносни причини дел од патиштата се затворени за сообраќај. Во планинскиот дел Рас Ал Каимаха има снег.
Ова е прв пат по повеќе години да се забележи снег во Емиратите. Последен пат снег имало во 2009 година и тогаш покривката била 20 цм, а пред 13 години имало пообилни врнежи од снег. Пораст на температурите се очекува дури следниот викенд.