(ВИДЕО) ЖЕНА ХЕРОЈ: Босанка раскажа како успеала да ја спаси својата ќерка од поплавата
Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2024 17:26
Мајка и ќерка од Босна и Херцеговина(БиХ) раскажаа како се мачеле да се спасат од поплавата која се случи пред неколку дена.
Лејла Залихиќ, жителка на Бутуровиќ Поле и нејзината ќерка Асја се спасија. Жената скокнала од третиот кат од својата куќа, испливала три километри во надојдената вода и ја спасила својата 13-годишна ќерка. Нивната куќа е уништена.
„Мене ме однесе водата. Се вртев во круг и така зедов воздух“, се присетува Лејла.
Ова трауматично искуство го раскажа и ќерката.
„Слушнав како некој вика, викаше за помош и го викаше моето име. Мислев – нема кој друг да биде, освен мајка ми или баба ми“, раскажува ќерката на Лејла, Асја.
Жената вели дека потоа добила сила да плива до својата ќерка, а кога ја нашла таа била помодрена од студот. Девојчето рече дека ставло дрва под себе, за да не мора да плива, а потоа се разденило, се спасила, но било студено и страшно.
По пет исчезнати уште се трага. Во поплавите во неколку босански општини загинаа најмалку 20 луѓе.
Borba majke i trinaestogodišnje kćerke u Buturović Polju je herojska. Majka i 13-godišnja kćerka govore o svojoj borbi za život.. pic.twitter.com/aBpfkgZQ1H
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) October 6, 2024
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




