(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2024 11:16
По години планирање и изградба на инфраструктурата, метрото во Солун ќе биде отворено за јавноста официјално на 30 ноември. Агенцијата АНА-МПА доби ексклузивна прилика да се вози со еден од 18-те возови кои ќе сообраќаат помеѓу 13-те подземни станици.
„Можете да се чувствувате целосно безбедно“, рече Карло Бјанко, извршен директор на конзорциумот Thema, кој ќе управува со системот на метро. Обраќајќи им се на потенцијалните патници од солунското метро, загрижени поради фактот што системот е без возач, тој нагласи дека веројатноста за дефект на сигналниот систем се проценува еднаш во 100.000 години.
Бјанко истакна дека несреќните инциденти во историјата на железницата најмногу се должат на човечки грешки и истакна: „Сега, ги елиминиравме возачите и ги заменивме со систем за сигнализација кој е дизајниран со највисоко ниво на безбедност. Токму тоа, е во случајот со солунското метро, го заменува машиновозачот и поради оваа причина, поради неговиот дизајн и функционирање, можноста за инцидент речиси и да не постои.
„Она што го кажуваме ... е направено и главната линија на солунското метро ќе биде испорачана на 30 ноември за користење на граѓаните и посетителите на градот“, рече извршниот директор на Hellenic Metro SA, Никос Куретас.
Тој истакна дека главната линија е долга 9,8 километри и има 13 станици како и депо од 50.000 квадратни метри, во кое спаѓаат Контролен центар за работа, база за поправка и канцелариски простории.
Конкретно за контролниот центар во Пилаја, кој го нарече „срце“ на ултра модерниот метро систем, тој објасни дека оттаму експерти и научници секојдневно ќе ги контролираат сите метро системи, инфраструктура и возови на 24 часа. „Ова е еден од најмодерните контролни центри во светот и има и резервен центар, за секој случај“, нагласи тој.
Патувањето со воз на солунско метро, од едниот до другиот крај на градот, трае „17 минути, вклучувајќи ги и постојките“, рече Куретас, објаснувајќи дека возовите ќе сообраќаат со просечна брзина од 40 км/ч и ќе достигнуваат максимална брзина од 80 km/h.
Солунското метро се очекува да превезува приближно 254.000 патници дневно, додека неговиот транспортен капацитет е 18.000 патници на час и по правец, според Куретас. Со продолжувањето до Каламарија, ќе се додадат уште 78.000 до 80.000 патници на ден.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




