14 Декември, 2025
0.0778

(ВИДЕО) УНГАРСКИ ШПИОНИ ПРИБИРАЛЕ ВОЕНИ ИНФОРМАЦИИ ВО УКРАИНА: СБУ ги уапси, ги чека доживотен затвор и конфискација

Објавено во: Свет 09 Мај, 2025 17:11

Добивај вести на Viber

Безбедносната служба на Украина откри шпионска мрежа на унгарската воено-разузнавачка служба во Закарпатија. 

Задачата на таа шпионска мрежа била да собира податоци за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги ранливостите во копнената и воздушната одбрана, како и социо-политичките ставови на локалното население. Истрагата покажа дека агентите работеле под надзор на унгарски воени разузнавачки службеници.

Еден од нив, поранешен војник од областа Берегово, бил регрутиран во 2021 година и активиран во септември 2024 година. Неговата задача била да го истражи однесувањето на локалното население, состојбата на црниот пазар, воената опрема во регионот, како и информации за воените и цивилните структури во Закарпатскиот регион.

Откако ги собрал потребните информации, агентот отишол во Унгарија, каде што ги предал информациите и примил пари од разузнавачкиот службеник.

СБУ откри дека агентот се обидел да регрутира најмалку две лица за соработка со унгарските разузнавачки служби.

СБУ притвори уште една осомничена личност – поранешна припадничка на украинските безбедносни сили, која соработувала со унгарските специјални служби.

Против сите осомничени поднесена е обвинение за предавство во услови на воена состојба и се соочуваат со доживотен затвор со конфискација на имот.

Операцијата е спроведена под надзор на Канцеларијата на државниот обвинител, а СБУ ја продолжува истрагата.

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, изјави во петокот дека украинските обвинувања дека во Украина е откриена унгарска шпионска мрежа се чиста „пропаганда“. 

„Би ги замолил сите да бидат претпазливи во врска со сите такви извештаи што се појавуваат како дел од украинската пропаганда“, рече Сијарто на прес-конференција.

Украина постојано „лови“ луѓе кои соработуваат со Русија. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 


Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина