(ВИДЕО) УКРАИНА СО ДРОН ГО НАПАДНА БЕЛГОРОД: Повреден е заменик-гувернерот
Објавено во: Свет 09 Мај, 2025 20:47
Дрон утрово ја погоди зградата на владата во рускиот регион Белгород, при што се повредени две лица, меѓу кои и заменик-гувернерот Александар Лоренц. Нападот, како што кажа регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, го извршиле украинските вооружени сили.
„Во Белгород, дрон на украинските вооружени сили ја нападна зградата на регионалната влада. Нема жртви. Сите служби за итни случаи работат на местото на настанот“, изјави Гладков во првичниот извештај.
Еден офицер од Росгвардија претрпел рана од шрапнел во бутот и е хоспитализиран. Заменик-гувернерот Лоренц, кој се наоѓал во близина на зградата во моментот на експлозијата, добил потрес на мозокот и акустична траума.
Во Москва се одржа Парадата на Победата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Рускиот претседател Владимир Путин во својот говор повика на единство, жртва и гордост, истовремено бранејќи ја руската инвазија на Украина.
На парадата присуствуваа повеќе од 20 странски лидери, меѓу кои беа кинескиот претседател Си Џинпинг, српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо.
Украина претходно кажа дека не ја гарантира безбедноста на присутните лидери. Русија пак се закани до Киев дека ќе го нападнат со орешник ако Москва биде цел на напади.Ukrainian kamikaze drone struck a government building in Belgorod region today, injuring the deputy governor and a National Guard officer. pic.twitter.com/WitLrxE96v
— Clash Report (@clashreport) May 9, 2025
Можеби ќе ве интересира
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




