(ВИДЕО) ТРАМП ЗАПОЧНА ВОЈНА ПРОТИВ ИСЛАМСКА ДРЖАВА: Ги прати првите оклопни возила против џихадистите!
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2017
Арапско-курдската коалиција која се бори против екстремистичките групи на Исламска држава во Сирија соопшти денеска дека прв пат добила американски оклопни возила како и ветување од администарцијата на САД Доналд Трамп за „поголема поддршка“.
„Сириските демократски сили прв пат добија американски оклопни возила. Тоа се случило после доаѓањето на власт на администарцијата на Доналд Трамп, кој вети поголема поддршка“, наведува Талал Село, портпарол на Сириските демократски сили.
Тој рекол дека претходно добивале оружје и муниција но со оклопните возила влегуваат во „Нова фаза на поддршка“.
Запрашан дали оваа прва испорака на оклопни возила ја одобрила претходната администрација под претседателот Барак Обама, Село рекол дека за ова секако одлучила администацијата на Трамп.
„Имаше средби помеѓу СДФ и претставници на новата администарција и тие ни ветија поголема поддршка, посебно во борбата за Рака, главното жариште на Исламска држава во Сирија“, рекол портпаролот.
Новиот американски претседател минатата недела им дал на своите воени претставници рок до крајот на февруари да му претстават план „за победа над Исламска држава“.
Сириските демократски сили, во мнозинство составено од курдските сили но и арапски борци најавија во ноември голема офанзива за враќање на Рака.
Оваа коалиција е формирана во октомври 2015 година со поддршка на САД да ги истера екстремистите од северот на Сирија.