03 Мај, 2024
0.0251

(ВИДЕО) ТАГА, ТИШИНА, ПЛАЧ: Денот кога настана општ очај, умре Тито

Објавено во: Балкан 06 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пред 37 години почина Јосип Броз Тито. Сликата на расплакани граѓани и граѓанки го обиколи светот. 

На тие драматични денови се потсетува Мирослав Лилиќ. 

Јосип Брзо Тито почина на 4 мај 1980 година во 15.05 часот во Љубљана. 

Животот во Југославија застанува, луѓето расплакани излегуваат на улица, се прекинува натпреварот Хајдук-Црвена Ѕвезда, а 50.000 граѓани на трибините пејат „Друже Тито ми ти се кунемо“. 


Очај, страв и неверување, цела Југославија тагува и плаче. 

Во својата автобиографија „Нема реприза“ Лилиќ се потсети на овие моменти. 

Тој на телевизија Загреб ја прочита веста за смртта на Тито. 

Пет месеци порано му соопштиле дека тој ќе мора да ја пренесе веста кога Тито ќе почине. 

„Немојте мене, нека чита Млакар...“

„Мене веднаш ми се качи притисокот и почнав да се жалам: Ве молам, немојте мене, јас тоа не можам...Нека чита Млакар, ќе го направи тоа подобро од мене, јас тоа не можам да го издржам...“

Му кажале дека не доаѓа во озбир и дека е поинаку кога тоа го чита уредник, и спикер. 

Му било наредено да биде на располагање 24 часа, да биде тоа лежерно, без многу приказни и дискретно. Од тој ден не испил ни чаша алкохол до смртта на Тито. 

Знаел да излезе во ресторан со друштво, но пиел само вода. 

На 4 мај ја земал веста од Танјуг без да ја коригира и тргнал кон студиото. 

Имал ужасна трема и не мислел на ништо. 


„Претседателство на СФРЈ и претседателство на Сојузот на комунисти на Југославија, работничка класа и народи на Југославија: Почина Тито“ - ова била веста која ја прочитал. 

Ден подоцна во специјален воз од Љуљана во Белград стигнале посмртните останки на Тито. 


Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД