(ВИДЕО) СТРАШНА БУРА ЈА ОПУСТОШИ АВСТРАЛИЈА: Евакуирани 250 000 луѓе поради невидено невреме!
Објавено во: Свет 30 Март, 2017
Во Австралија денеска се евакуирани повеќе од 250 000 луѓе кои се најдоа во неволја на островите во тропските североисточни делови на земјата, додека залихите на вода недостигаат два дена откако силниот циклон Деби го проголта тој регион.
Десетици илјади луѓе и понатаму се без електрична енергија во државата Квинсленд, каде властите издадоа нови предупредувања и повикаа на евакуација во пресрет на обилните врнежи кои се очекуваат после ударот на силниот циклон.
„Доаѓа дожд, обилен дожд“ рекол за австралиското државно радио претставник на Службата за вонредни ситуации во Квинсленд Марк Роуч.
Циклонот Деби во вторникот ја погоди Австралија загрозувајќи ги туристичките одморалишта, при што уривал далеководи, уништил полиња со шеќерна трска и затворил рудници со јаглен во таа австралиска држава.
Бурата, која сега ослабна, помина низ средниот дел на Квинсленд пред да премине на југоисточните делови, носејќи налети на ветер кон главниот град на таа држава Бризбејн, а при тоа предизвикала поплави и ја приморала владата да затвори повеќе од 2 000 училишта.